Голем протестен марш за поддршка на Украина, вечерва низ улиците на Софија. На Плоштадот на независноста, организирани преку социјалните мрежи, се собраа огромен број поддржувачи на украинскиот народ, известува Зоран Иванов од Софија.
Големата толпа, веејќи украински и бугарски знамиња, како и знамиња на ЕУ, маршираше по бул. „Цар Освободител“ покрај зградата на Народното собрание и мостот „Орел“.
Луѓето носат плакати на кои пишува: „Мир!“, „Нема војна“ и други пароли за поддршка на украинскиот народ.
Протестен марш за поддршка на Украина во Софија. Фото: Зоран Иванов / ЦивилМедиа
Демонстрантите, како што известува и БГНЕС, носеа и транспаренти на кои пишуваше: „Да ја спасиме Украина, престанете со насилството таму. Да го запреме убивањето цивили и уништувањето на нивните домови! Да се спасат луѓето од жед, глад и студ! Да ги спасиме ранетите! Да го запреме лудилото наречено војна„ Целосна поддршка за Украина “.
Фото: Зоран Иванов