• Latest
Фото: CarandDriverGR/Twitter

Голема германска инвестиција – производство на електрични возила во Тетово, замрзната маржата за огревно дрво, Летонија ја прогласија Русија за „спонзор на тероризмот“

August 11, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Голема германска инвестиција – производство на електрични возила во Тетово, замрзната маржата за огревно дрво, Летонија ја прогласија Русија за „спонзор на тероризмот“

August 11, 2022 15:59
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: CarandDriverGR/Twitter

Фото: CarandDriverGR/Twitter

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата обезбедени услови за мултимилионска германска инвестиција – електричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово

Во Северна Македонија ќе се произведуваат електричните возила e-go. Мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово ќе отвори 3-4.000 нови работни места. Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

 Бектеши: Висината на трговска маржа најмногу до 10 проценти за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот синџир во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Парламентот на Република Летонија, Саеимата, официјално ги призна бруталните дејствија на Русија против цивилите во Украина и другите земји како тероризам, а Руската Федерација како државен спонзор на тероризмот

*

Во јавноста беа објавени првите сателитски снимки од руската воздухопловна база на Крим по експлозиите. Сателитските снимки покажаа значителна количина на уништена воена авијација на руските воздушни сили, пренесува порталот Мил.ин.уа.

*

Службата за безбедност на Украина ( СБУ) приведе руски доушник за кој се верува дека собирал разузнавачки информации за испораките на оружје од Запад, објави СБУ наТелеграм. Според СБУ, виновникот првенствено бил заинтересиран за доверливи информации за увезена воена опрема.

*

Колку повеќе загуби трпат окупаторите, толку побрзо Украинците ќе можат да ја ослободат сопствената земја и да ја обезбедат безбедноста на Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето синоќешното видео обраќање.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

СВЕДИТЕЛСТВА Жалбената постапка веќе заврши и од следната недела ќе почнеме со дистрибуирање на свидителствата до сите училишта во државата, изјави денеска за МИА директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи.

РЕГИСТРАЦИЈА Министерството за правда денеска информира дека до него не е доставено барање за добивање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението „Цар Борис Трети”

ОБРАЗОВАНИЕ Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни.

ЗЕЛЕНИ  Тиња, алги, матни и плитки води се секојдневието на секој посетител на Преспанското езеро, а негативната состојба со повлечените води го вклучува и алармот за тоа како преживува богатиот растителен и животински свет на ова езеро.

МИГРАНТИ По насоки на јавен обвинител, увид на лице место извршија увидни екипи на МВР, се постапува за утврдување на  причините за несреќата и другите околности на настанот. Ова го изјавија денеска од Јавното  обвинителство, по синоќешната сообраќајка во која имаше повредени мигранти.

ПОЖАРИ  Сува трева, стрниште и шума гореле во кумановско во изминатово деноноќие, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Во фокусот на ЦИВИЛ: Национализмот како политичко оружје

Во  рамки на серијата „Во фокусот“, на тема „Национализмот како политичко оружје“, ЦИВИЛ ги отвора прашањата за упетребата на национализмот од страна на политичарите како оружје за добивање краткорочни придобивки, како што беше случајот со пратениците од опозицијата на собраниската расправа за Европскиот предлог, и протестите.

 

СЛОБОДНА ЗОНА 

 

Војо Маневски

Следејќи ги скоро сите носачи на информации и дезинформации во регионов, наидувам на поплаки на градоначалниците дека тешко ќе можат да ги реализираат ветените проекти. Објаснувањата се различни и повеќето се упатени на поранешните носители на функцијата прв човек на градот. Се сеќавам кога за време на кампањата пишував дека секој кандидат што се фатил на орото за да биде градоначалник мора да ги знае финансиските и кадровските состојби во општината што сака да ја води, ама кој ми е крив кога од колумни сакам да правам уметност, а уметноста така се разбира кај нас како додаток кој може, а и не мора да го има. Како Вегета, пишува Војо Маневски во колумната „ Уметноста и животот“.

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ