ВЕСТ НА ДЕНОТ
Владата обезбедени услови за мултимилионска германска инвестиција – електричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово
Во Северна Македонија ќе се произведуваат електричните возила e-go. Мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово ќе отвори 3-4.000 нови работни места. Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Парламентот на Република Летонија, Саеимата, официјално ги призна бруталните дејствија на Русија против цивилите во Украина и другите земји како тероризам, а Руската Федерација како државен спонзор на тероризмот
*
Во јавноста беа објавени првите сателитски снимки од руската воздухопловна база на Крим по експлозиите. Сателитските снимки покажаа значителна количина на уништена воена авијација на руските воздушни сили, пренесува порталот Мил.ин.уа.
*
Службата за безбедност на Украина ( СБУ) приведе руски доушник за кој се верува дека собирал разузнавачки информации за испораките на оружје од Запад, објави СБУ наТелеграм. Според СБУ, виновникот првенствено бил заинтересиран за доверливи информации за увезена воена опрема.
*
Колку повеќе загуби трпат окупаторите, толку побрзо Украинците ќе можат да ја ослободат сопствената земја и да ја обезбедат безбедноста на Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето синоќешното видео обраќање.
ФЛЕШ ВЕСТИ
СВЕДИТЕЛСТВА Жалбената постапка веќе заврши и од следната недела ќе почнеме со дистрибуирање на свидителствата до сите училишта во државата, изјави денеска за МИА директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи.
РЕГИСТРАЦИЈА Министерството за правда денеска информира дека до него не е доставено барање за добивање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението „Цар Борис Трети”
ОБРАЗОВАНИЕ Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни.
ЗЕЛЕНИ Тиња, алги, матни и плитки води се секојдневието на секој посетител на Преспанското езеро, а негативната состојба со повлечените води го вклучува и алармот за тоа како преживува богатиот растителен и животински свет на ова езеро.
МИГРАНТИ По насоки на јавен обвинител, увид на лице место извршија увидни екипи на МВР, се постапува за утврдување на причините за несреќата и другите околности на настанот. Ова го изјавија денеска од Јавното обвинителство, по синоќешната сообраќајка во која имаше повредени мигранти.
ПОЖАРИ Сува трева, стрниште и шума гореле во кумановско во изминатово деноноќие, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Во фокусот на ЦИВИЛ: Национализмот како политичко оружје
Во рамки на серијата „Во фокусот“, на тема „Национализмот како политичко оружје“, ЦИВИЛ ги отвора прашањата за упетребата на национализмот од страна на политичарите како оружје за добивање краткорочни придобивки, како што беше случајот со пратениците од опозицијата на собраниската расправа за Европскиот предлог, и протестите.
СЛОБОДНА ЗОНА
Следејќи ги скоро сите носачи на информации и дезинформации во регионов, наидувам на поплаки на градоначалниците дека тешко ќе можат да ги реализираат ветените проекти. Објаснувањата се различни и повеќето се упатени на поранешните носители на функцијата прв човек на градот. Се сеќавам кога за време на кампањата пишував дека секој кандидат што се фатил на орото за да биде градоначалник мора да ги знае финансиските и кадровските состојби во општината што сака да ја води, ама кој ми е крив кога од колумни сакам да правам уметност, а уметноста така се разбира кај нас како додаток кој може, а и не мора да го има. Како Вегета, пишува Војо Маневски во колумната „ Уметноста и животот“.
Д.Мишев