Во тек е голема акција за спасување мигранти во близина на грчкиот остров Калолимнос во Егејското Море.
Според грчки медиуми чамецот со кој патувале потонал. Тело на жена е извадено од морето. Во рамки на операцијата учествуваат бродови на грчката крајбрежна стража, пристанишните власти, Фронтекс, еден хеликоптер и уште три бродови. Спасени се осум мажи, четири жени и едно дете.
Еден од преживеаните тврди дека во чамецот имало околу 25 луѓе.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.