• Latest

ГОНГ, Хрватска: Отпор, движење, промени…

April 20, 2017

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ГОНГ, Хрватска: Отпор, движење, промени…

April 20, 2017 08:48
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Загреб, Република Хрватска, во тек е регионалната, мултимедијална изложба „Отпор, движење, промени: Фрагменти од уметничките и активистичките практики од крајот на осумдесеттите до денес“, како резултат на заедничките напори на уметниците и активистите од поранешните југословенски простори.   

Изложбата е дел од проектот РетроАктива што го спроведува светски познатата организација ГОНГ од Хрватска, во партнерство со ЦИВИЛ – Центар за слобода од Македонија, Центар за културна деконтаминација (Србија), Хелсиншки парламент (БиХ) и Анима (Црна  Гора), како и фондацијата „Солидарна“ и здружението „Култура на промени“ при Студентскиот центар во Загреб. Финансиската поддршка доаѓа од програмата „Европа за граѓаните“.

Изложбата ја подготви организацијата за промоција на културата „Курзив“ и кустосот Мартина Контошиќ. Изложбата ќе биде отворена до 22 април во Студентскиот Центар во Загреб, а на неа се изложени неколку стотини експонати и мултимедијални содржини кои креираат хронолошка низа за развојот на активизмот и борбата за човекови права и слободи и поттикнување на демократските процеси, низ призма на ранливите периоди во поновата историја на Балканот.

„Одмазда на дрвото“, Мирослав Стојановиќ – Шуки, Македонија

ЦИВИЛ, како партнерска организација на ГОНГ, со гордост може да соопшти дека Македонија е извонредно видлива на изложбата. Меѓу другото, ЦИВИЛ беше поканет да учествува со уметничкото дело „Одмазда на дрвото“ на мултимедијалниот уметник Мирослав Стојановиќ – Шуки, како и со голем број фотографии од архивата на ЦИВИЛ, од кои најголем број се авторство на Биљана Јордановска.

Експонатите од Македонија го отсликуваат отпорот и активното граѓанско општество во Македонија во последните години, низ призма на заложбите на организацијата во одбрана на човековите права и слободи.

Отпор, движење, промени…, 13 април 2017, Студентски центар, Загреб

Фотографиите опфаќаат фрагменти од протестите по 13 април 2015, по одлуката за аболиција на претседателот Иванов, од граѓанското новинарство како нов бран во одбрана на медиумските слободи и објективното информирање, од „Караванот на слободата“, проект на ЦИВИЛ  што преку уметноста и културата влијаеше на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

„Никогаш повторно. Никогаш. Повторно?“, Елма Селман, Босна и Херцеговина

Во рамките на целодневната програма, со свој перформанс се претстави и босанската уметница Елма Селман, со интерактивниот перформанс „Никогаш повеќе. Никогаш. Повторно?“ (“Never Again. Never. Again?”), а беа претставени и делата на Нико Аутор, Игор Грубиќ, Адела Јушиќ, Синиша Лабровиќ, Владимир Миладиновиќ, Албана Мује, документација на делата на Сања Ивековиќ, филм на Наташа Нелевиќ и група уметници.

Постоечките дела во предворјето на киното на Студентскиот центар, беа придружени со три нови продукции, одбрани по пат на натпревар на фондацијата „Солидарна“ и здруженијата „Курзив“, Домино и ГОНГ – делата на Ивана Аманини „Ѕидови“ и на Јасна Жмак „Јас сум иднината“.

Изложбата беше отворена истовремено со одбележувањето на дваесетгодишнината од формирањето на ГОНГ. Со поддршка на партнерските организации и соработниците од регионот, ГОНГ го одбележа својот роденден во знакот на граѓанката/граѓанинот.

Отворање на мултимедијалниот настан по повод роденденот на ГОНГ

Целодневниот мултимедијален настан ја опфати и регионалната конференција „Во потрага по граѓанката/граѓанинот: Времеплов на активистичките и уметничките практики“.

Пред преполната сала во Студентскиот центар во Загреб, настапија голем број говорници на четирите панел дискусии, истакнати лидери во граѓанското општество од целиот регион, новинари, универзитетски професори и уметници, меѓу кои и Драган Зелиќ и професорот Жарко Пуховски од Хрватска, Борка Павичевиќ од  Србија, Џабир Дерала и Јасмина Голубовска од Македонија и многу други.

Трета панел дискусија: „Во потрага по граѓанката/граѓанинот во идеализмот на либералната демократија: преглед на активистичките иуметничките практики од 2 000 година па наваму“

Во полукружната сала на Театарот&ТД беше изведена монодрамата „Постдипломско образование“ на Вили Матула и Синиша Лабровиќ, во режија на Борна Арманини, со музика на Игор Павлиќ, а „Музичката активистичка слушална“ на Илко Чулиќ прерасна во одлична забава до три часот по полноќ.

Прва панел дискусија „Граѓанско општество, независна култура и медиумите како простор за претставување на граѓанинот како политички субјект“

Тимот на ЦИВИЛ, Ермин Климента, Горан Наумовски, Џабир Дерала и Биљана Јордановска, на своите партнери во Загреб им даде медиумска поддршка преку социјалните мрежи, фотографија и камера. Активистичката и уметничката приказна од овој навистина значаен мултимедијален настан ќе продолжи.

Во наредниот период ќе бидат објавени панел дискусиите во целост, како и изјавите на активистите и уметниците, а на Фејсбук страниците на ГОНГ и ЦИВИЛ читателите ќе можат да се информираат повеќе за проектот и да почувствуваат дел од атмосферата преку фото галериите.

Б.Ј.

Tags: ГОНГдвижењеизложбаконференцијаотпорпромениРЕТРОактиваХрватскаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ