Покрај ветувањето на Google дека нема да собира информации од своите корисници на Gmail, сепак како што дознава NBC тие сè уште собираат голем број на информации дневно од своите корисници преку мејловите кои ги праќаат и добиваат.
Тие тврдат дека ова е со цел да се подобри квалитетот на користење на услугите на Google за своите корисници, но сепак продавањето на рекламен простор со таргетирани маркетинг пораки покажува комплетно спротивна страна на овој договор со кој најверојатно е помирен поголемиот дел од светот.
Google има 7 производи кои месечно бележат 1 билион корисници, а утврдениот бренд во пазарот нема показатели дека воопшто се обидува да ги заштити своите корисници од продавањето на информации сè со цел да се овозможи полесен начин да се дојде до маркетинг за големите компании кои ги плаќаат.
Ермин Климента