Долгогодишниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев се пријавил на огласот за претседателски кандидат на неговата партија.
ВМРО-ДПМНЕ на 4 јануари објави јавен повик за пријавување кандидатури за избор на претседател на државата за претседателските избори напролет. Kандидатот за претседател од опозициската партија ќе биде избран од 550 делегати на партијата со тајно гласање. Изборот ќе се одржи на 16 јануари на партиска конвенција во Струга, а рокот за пријавување кандидатури за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ истекува на 31 јануари.
Во дело од медиумите веќе се појавија шпекулации дека Ѓорчев е всушност вториот пријавен кандидат за претседател. Според неофицијалните информации се работи за личност симпатизер на партијата кој не е експониран во јавноста.
М. И.