Живееме во 21. каде што информацијата оди брзо, а информацијата е моќ, но луѓето манипулираат со информациите. Затоа ни треба повеќе државна регулација. Во денешно време, луѓето треба да бидат покритични, кој ги поседува медиумите, дали заработуваат од медиумите? Зошто го кажуваат тоа што го кажуваат? Медиумите за жал ги делат луѓето наместо да ги обединуваат, Владимир Ѓорѓевски од РИКО, на конференцијата „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“ во организација на ЦИВИЛ во соработка со Балкан форум и членките на Платформата за граѓанско општество за демократија и човекови права (ПГО).
„Мораме да ги научиме младите да размислуваат аналитички и критички и да сфатат што се обидуваат да кажат медиумите. Имаме студенти кои пишуваат за животот во студентските домови или за тоа како COVID влијае на образованието преку Интернет, но генерално ни требаат повеќе приказни што н un обединуваат, наместо да не разделуваат. Ние навистина мора да се фокусираме и на формалното и на неформалното образование. Постои една обука што се занимава со ова, но ни треба повеќе. Ако користиме медиуми само за да се манипулираме едни со други, ќе останеме на истото место и никогаш нема да напредуваме и ќе имаме уште поголема миграција на младите.“, порача Ѓорѓевски.