• Latest

Говор на омраза и повик за насилство за првата Парада на гордоста во Скопје

May 20, 2019
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Говор на омраза и повик за насилство за првата Парада на гордоста во Скопје

May 20, 2019 16:41
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

По веста дека за прв пат во државава ќе се организира Парада на гордоста, која ќе се одржи на 29 јуни во Скопје, веднаш на социјалните мрежи се рашири говор на омраза и повици на насилство.

Македонија е последна земја од регионот во која за прв пат ќе се одржи Парада на гордоста. За тоа зошто е последна земја што ќе го направи тоа, покажуваат и коментарите кои ги пишуваат граѓаните на социјалните мрежи за Парадата.

Медиумите исто така треба да внимаваат како известуваат за такви теми за кои знаат дека можат да предизвикаат говор на омраза и насилство. На Фејсбук страницата на порталот Инфомакс, на објавата за Парадата, можат да се видат стотици коментари со погрдни зборови, дури некои од нив повикуваат на насилство кон ЛГБТИ+ заедницата.

Па така, еден граѓанин кој на Фејсбук е потпишан Сашо Грнчаревски, напишал: „Каква иднина очекуваме од овие болни манијаци, ова е крај на наталитетот, изумира каква било и да е нација. Само Хитлер за сапун да се стопат!“.

Потоа, може да се видат коментари каде што го поставуваат прашањето на што може да биде ЛГБТИ+ заедницата горда, дека единствена гордост може да биде Парадата на победата во Русија и ред други коментари.

Граѓанка која е потпишана на Фејсбук, Надица Цоки Прескакулева, напишала: „Да фати едно невреме па едно 2.3 грома, па сите да ги направите горди и нив и за вас кои пишувате за овие, заслужни ли се за тоа… овие се позаникаде од секое ментално разболување, за овие нема лек а и сите нивни блиски особи што сигурно се уништени од нивната ваква глупава гордост и болест“.

Сакаме да потсетиме, дека секој коментар со говор на омраза и повик за насилство, може да придонесе страв и депресија кај одредена група на граѓани, кои како реакцијата на тоа, можат да си наштетат себеси. Да повториме, хомосексуалноста не е болест, никакви коментари за повик на насилство како „нивни лек“ треба да биде пријавен во полиција и за оној кој го кажал тоа, треба да се преземат санкции.

Граѓанин потпишан на Фејсбук, Мујтин Хусеиновски, во коментар напишал: „Која гордост бе расипани. Ах, една бомба таму и цела педерана на гробишта, ц ц ц војската назад задолжително да биде за да има мажи“.

„Само со пушка и повеќе куршуми, еден жив да не остане…“, напишал граѓанин потпишан на Фејсбук, Емер МамутОглу.

Коментарите се редат еден по друг, по ред, граѓаните немаат никаква солидарност за оние кои можеби малку се поразлични од нив.

ЦИВИЛ – Центар за слобода го осудува говорот на омраза кон ЛГБТИ+ заедницата и првата Парада на гордоста. Овие коментари не треба да се земат како пример, ширењето на омраза и повикот на насилство треба да бидат најстрого казнети!

А. П.

Share53TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ