• Latest

Говорот на омраза не е слобода на изразување

January 12, 2021

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Говорот на омраза не е слобода на изразување

January 12, 2021 15:30
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Слободата на говорот е глобално прифатен принцип што ја поддржува слободата на поединецот или заедницата да ги артикулира своите мислења и идеи без страв од одмазда, цензура или законска санкција. Терминот „слобода на изразување“ понекогаш се користи синонимно, но вклучува какво било дело на барање, примање и пренесување информации или идеи, без оглед на употребениот медиум.

Слободата на изразување е признато како човеково право според членот 19 од Универзалната декларација за човекови права и е признато во меѓународното право за човекови права во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права . Во членот 19 од УДЧП се вели дека „секој има право да има мислење без мешање“ и „секој има право на слобода на изразување; ова право вклучува слобода за барање, примање и пренесување информации и идеи од сите видови, без оглед на границите, или усно, во писмена форма или во печатење, во форма на уметност или преку кој било друг медиум по негов избор“. Верзијата на членот 19 во МПГПП подоцна го изменува ова со изјава дека вршењето на овие права носи „посебни должности и одговорности“ и може „затоа да биде предмет на одредени ограничувања“ кога е потребно “ почитување на правата или угледот на други “, заштита на националната безбедност или на јавниот ред и мир (јавен ред), или на јавно здравје или морал “.

Според тоа, слободата на говорот и изразувањето не може да се признае како апсолутна, а заедничките ограничувања или граници на слободата на говорот се однесуваат на клевета, непристојност, порнографија, бунт, поттикнување, борбени зборови, класифицирани информации, повреда на авторските права, трговски тајни , етикетирање храна, договори за необјавување информации, право на приватност, достоинство, право да се заборави, јавна безбедност и лажно сведочење.

Со еволуцијата на дигиталното време, примената на слободата на говорот станува уште поконтроверзна, со оглед на појавата на  нови средства за комуникација како што се социјалните мрежи, така што говорот на омраза е транспарентен, односно јасно видлив за разлика од времето кога не постоеја социјалните мрежи, а говорот на омраза можеше да се забележи по спортски настани, на графити и граѓански собири на коишто неретко можеше да се слушне говор на омраза кон одредена група.

Говорот на омраза е глобално дефиниран како јавен говор што изразува омраза или поттикнува насилство кон некоја личност или група, врз расна, верска, сексуална или друга ориентација и карактеристики како што е половата, националната, физичката и други.

Говорот на омраза  може во голема мера да се забележи на социјалните мрежи, кога слободата на изразување е заменета со говор на омраза, односно, кога личноста го оправдува својот говор на омраза со слободата на изразувањето, односно, говорот на омраза е злоупотреба на слободата на изразување.

Законите  во некои земји  во светот го опишуваат говорот на омраза како говор, гестови, однесување, пишување или прикази што поттикнуваат насилство или предрасудни активности против група или поединци врз основа на нивното членство во групата, или што омаловажуваат или заплашуваат група или поединци на основа на нивното членство во одредена  групата. Во некои земји, говорот на омраза не е легален термин, а  во некои земји, вклучително и во САД, голем дел од она што спаѓа во категоријата „говор на омраза“ е заштитено со устав, како дел од слободата на изразување.  Во други земји, жртва на говор на омраза може да побара надомест на штета според граѓанското право, кривичниот закон или обете.

Слободата на изразување не смее да се толкува како право со чијашто (зло)употреба се демонстрира омраза, навреди, клевети, дискриминаторски наративи и написи, заради лични или одредени групни нецивилизациски интереси. Говорот на омраза не е слобода на изразување, бидејќи е тесно поврзан со едноумие, омраза кон другото, поинаквото, најчесто политичка или верска припадност, неприфаќање на различни ориентации, и затвореност на духот и умот, односно, неспособност да се излезе од некаков зацртан круг и мисла,  во рамките на коишто е најбезбедно да се делува,

Во Република Северна Македонија  од 2014 постои Закон за говор на омраза, кога стапија во сила нови законски одредби кои забрануваат и казнуваат говор на омраза и ширење на материјали преку интернет кои промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз која било дискриминаторска основа.

На 30 јануари 2019 година, поранешниот министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски и директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Сашо Тасевски,  ја потпишаа Декларацијата против говорот на омраза во медиумите.

Декларацијата произлезе од Иницијативата на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за формирање Мрежа за борба против говорот на омраза во медиумите и ја потпишаа сите членки кои пристапија кон Мрежата.

Како основна цел на Мрежата беше прикажана превенцијата на ширењето на говорот на омраза во јавната сфера, зајакнување на професионалното и етичко вршење на новинарската дејност и подигнување на свеста на медиумските работници и пошироката популација за негативните последици од говорот на омраза и изнаоѓање начини за нивно спречување.

Говорот на омраза во земјава се уште не се третира соодветно од обвинителството, за што сведочат мноштвото непроцесирани пријави по оваа проблематика, што укажува на немање волја за справување со се позачестениот говор на омраза и долгогодишната политика  на неказнивост.

Во Северна Македонија речиси и не е забележана некоја судска разврска по прашање на говор на омраза, додека јавноста е под постојан напад во различни форми на говор на омраза, што означува сериозен дефицит на интерес од соодветните институции, или намерна „незаинтересираност“ во обид за прикривање на вистинските состојби со оваа високо штетна појава по демократските вредности на целото општество.

Говорот на омраза е главно предмет на интерес на организации од граѓанскиот сектор, кај коишто често може да се забележат повици за пријавување говор на омраза и за понатамошно процесирање на истите.

ЦИВИЛ е една од најгласните граѓански организации во борбата против говор на омраза, со постојано следење, детектирање и разобличување на јавниот  говор на омраза, на социјалните мрежи, општествени настани и воопшто во јавниот дискурс.

Мониторинг  тимот  на ЦИВИЛ  за само два месеци во текот на минатото лето забележа над сто случаи со говор на омраза на социјалните мрежи, насочен кон групи, поединци, политичари, јавни личности, активисти,  а и самата организација и нејзини членови, поддржувачи и активисти постојано и сурово се под напад на говор на омраза, за коишто случаи јавноста редовно е информирана  на медиумската платформа на ЦИВИЛ Медиа, на три јазици.

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот. Општество во кое одредени групи постојано повикуваат и вршат насилство врз граѓаните, не може да биде здраво. Постојаните повици за екстремно насилство и говор на омраза од одредени групи и поединци, се последица од воспоставената неказнивост од минатата власт, но и неказнивоста што продолжи и по падот на режимот.

ЦИВИЛ во своите настапи секогаш најостро ги осудува говорот на омразата и повиците на насилство и бара од институциите веднаш и најостро да ги санкционираат сите поединци и групи што шират омраза и повикуваат на насилство, со остри, решителни и ефикасни реакции, и на одговорност да ги повикаат и највисоките раководни структури на политичките партии што посредно или непосредно ги охрабруваат радикалните поединци и групи во земјава.

Во прилог на разобличување на групите и личностите што редовно шират говор на омраза и со тоа им прават голема штета на демократските процеси, заздравувањето на меѓучовечките, меѓуетничките и политичките односи во земјава, ЦИВИЛ низ годините, како и сега,  ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат случаи на различни облици на кршење на човековите права и слободи, говор на омраза, лажни вести, како и низа други негативни појави, политики и практики.

                                                                                ПРИЈАВА

Штетните последици од говорот на омраза, се отсликуваат трајно во меѓучовечките односи, носат недоверба, предизвикуваат насилства од кои едно општество со децении не може да заздрави. Крајно време е да се применат веќе воспоставените закони за говор на омраза, и да се санкционираат, без исклучок, сите што го поттикнуваат.

Дијана Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ