Граѓанскиот активист, новинар и музичар Петрит Сарачини, е неоснована цел на напади со говор на омраза на социјалните мрежи. Коментарите се толку непристојни што некои повикуваат на негова ликвидација, со тоа да му се отсече главата, но и да му се отсечат прстите за да не можел повеќе да работи. За заканувачката содржина во коментарите е известена полицијата која сигурно ќе постапи и ќе ги открие заканувачите.
Имено, пред неколку дена, неколкумина на социјалните мрежи споделуваа иста фотографија според која Сарачини во неколку групи на Фејсбук споделил иста вест. И дека тоа го правел редовно. Па коментарите започнаа со тоа дека е платеник на власта, се до закани за негова смрт. Сарачини во својот одговор наведе дека сите групи на кои споделува вести се или формирани од него, или тој е администратор или дека се групи на кои подолго објавува вести.




Но, неговиот став дека е транспарентен, отворен и не се крие зад лажни профили, а при тоа споделува вистинити вести, не наиде на одобрување кај некои од заканувачите, па тие продолжија и денеска со закани, навреди, се до негова ликвидација. Впечатокот е дека токму тие кои му се закануваат шират говор на омраза, дека токму тие промовираат фашистички и националистички ставови и дека тие наштетуваат на општеството и меѓуграѓанските односи.











































