• Latest

Граѓан(к)ите за прв пат во ДИК се едуцирале за своите избирачки права

February 1, 2018

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Граѓан(к)ите за прв пат во ДИК се едуцирале за своите избирачки права

February 1, 2018 14:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Стручната служба на Државната изборна комисија за прв пат од постоењето на ДИК организира Отворен едукативен ден за граѓаните, по повод Глобалниот ден на изборите кој се одбележува токму денеска, на 1 февруари.

„Денеска сите заинтересирани граѓани се добредојдени во просториите на Државната изборна комисија, седиштето и подрачните одделенија и канцеларии, каде можат да проследат едукативна презентација и да се информираат околу остварувањето на своето избирачко право со особен фокус на водењето на Избирачкиот список. Воедно граѓаните имаат можност и да постават прашања до вработените во Стручната служба на ДИК, а и да подигнат едукативни материјали“, изјави Љупка Гугучевска од ДИК.

Таа додаде дека едукативната презентација опфаќа повеќе аспекти, и тоа, разграничувањето помеѓу активно и пасивно избирачко право, начинот на формирање и надлежностите на изборните органи во Република Македонија, водењето и ажурирањето на Избирачкиот список, процедурата за заштита на избирачкото право и електронските апликации кои се достапни за граѓаните.

„Државната изборна комисија, како највисок изборен орган, може успешно да ги спроведува своите надлежности само преку соработка со сите заинтересирани чинители, а особено со граѓаните. Интенцијата е ваквите отворени денови за граѓаните да преминат во редовна пракса во ДИК. Токму затоа, присуството и активното учество на граѓаните е од непроценлива важност за работата на Државната изборна комисија. Во оваа прилика сакам да ги поттикнам сите граѓани за што помасовно учество на ваквите отворени денови, со што ќе допринесат за подигање на квалитетот на целиот изборен процес на повисоко ниво“, истакна Гугучевска.

Глобалниот ден на изборите секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари. Тој се одбележува како резултат на заложбата која произлегла од Глобалната конференција за избори која се одржала од 15 до 17 септември 2005 година во Будимпешта, Унгарија.

На овој ден изборните комисии ширум светот организираат тркалезни маси, дебати, работилници, средби со граѓани и сл. со цел да ја истакнат посветеноста на заштита на правото на глас како едно од основните човекови слободи и права.

Пред точно 70 години, со Универзалната декларација на Обединетите нации, правото на глас е востановено како едно од основните човекови права. Тоа се остварува преку слободни и фер избори, како темел на секое демократско општество.

Биљана Јордановска

Обработка на текст и камера: Дехран Муратов

Tags: Глобален ден на изборитеграѓанитеДИКинформирање
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ