• Latest

Граѓанските организации од Македонија на студиска посета во Брисел

October 13, 2016

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓанските организации од Македонија на студиска посета во Брисел

October 13, 2016 16:16
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на проектот „Граѓанско општество за европска интеграција“, неделава, дваесет претставници од граѓански организации од Македонија, меѓу кои и ЦИВИЛ – Центар за слобода, учествуваа на студиска посета во Брисел, Белгија. Претставниците на македонскиот невладини сектор, имаа можност да посетат дваесеттина меѓународни организации во Брисел и да разговараат за можна соработка и за заеднички активности. Учесниците на студиската посета имаа можност да ја посетат Европската комисија и Европскиот парламент. При посетата на ЕП, претставниците на македонските НВО учествуваа и на дискусијата за улогата на здруженијата на граѓани во процесот на интеграција во Европската унија со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит кои се директно инволвирани во преговорите со македонските политички лидери.

14570394_10154170333728740_6477123662822638865_n

 

Претставниците на граѓанските организации разговараа со европратениците на неколку различни теми. Отворено беше прашањето за улогата на Специјалното Јавно обвинителство, како и за можноста повторно да се одложат изборите закажани за 11-ти декември. На средбата се разговараше и за состојбата со мигрантите кои се останати на граничните премини во Македонија. Европратениците беа информирани и за одлуката на Владата да го скрати буџетот за превенција за ХИВ, но и за други заболувања, како и парите за лекување на болните, со што ги стави во опасност здравјето и безбедноста на граѓаните. Се разговараше и за отворањето на „зелени“ работни места за младите од Македонија, како и за проблемите со загадениот воздух.

Пораката која Вајгл, Кукан и Ховит ја испратија до граѓанските организации е да продолжат со добрата работа и со позитивното влијание кое е очигледно во изминатиот период. Тие им советуваа на граѓанските организации да останат независни, затоа што на тој начин можат најмногу да придонесат за демократизација на земјата.

брисел

По завршувањето на студиската посета, следува имплементација на 5 иницијативи за застапување на темите: млади, маргинализирани заедници, дискриминација, одржлив развој и медиуми.

„Граѓанско општество за европски интеграции“ е проект кој се имплементира од „Центарот за интеркултурен дијалог“, во сорабтка со Македонскиот зелен центар и Европската асоцијација за проекти од Белгија, и вклучува граѓански организации со цел да ја подобри нивната одржливост, автономијата и целокупниот капацитет, за да се вклопат во процесите на интеграција на Македонија во Европската унија. Проектот цели кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за вмрежување и градење на партнерства кон креирање на политики и одлучувачки процеси, особено оние кои се поврзани со ЕУ- реформите и препораките од Извештајот за напредок на Европската комисија.

Проектот „Граѓанско општество за европски интеграции“ е поддржан од ЕУ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Europe for Citizens Програмата на Европска УнијаБриселЕвропска УнијаМакедонијамладистудиска посетаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ