Форумот на граѓанско општество на 135 претставници од 72 граѓански организации и 8 независни експерти, се одржа на 4 и 5 јули, со цел да се прошири, дополни и ажурира Предлогот за итни демократски реформи, познат во јавноста како „Блупринт“. Првата верзија на „Блупринтот’ се објави во јули минатата година.Објавата на документот се очекува наредната недела, а организациите-учеснички на Форумот се надеваат дека со ова, граѓанското општество дополнително ќе допринесе во демократизацијата во Македонија и на спроведувањето на реформите од новата Влада.
Предлогот за итни демократски реформи е дел од реформската програма на Владата, а дел од овој документ се вклучи и во Акцискиот план 3-6-9, кој ќе обезбеди спроведување мерки и активности во временски рамки од 3, 6 и 9 месеци. Нивна основна цел е придвижување на евроинтегративниот процес.