Categories

КОНКУРС Град Скопје финансиски ќе поддржи 212 проекти во областа на културата

Град Скопје избра 212 предлог проекти пријавени на Конкурсот за финансирање манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата. На конкурсот што беше распишан на 28 ноември 2017 година пристигнати беа 430 комплетни апликации.

– Град Скопје ќе поддржи 50 проценти од пристигнатите пријави. Од поддржаните предлог проекти по 22 осто им припаѓаат на музичката уметност и изведбените уметности, 20 отсто за визуелни уметности и уметност на нови медиуми, 16 отсто за издавачка и библиотечна дејност и по 10 отсто за музејска дејност и промоција на културното наследство и меѓународна соработка, соопштуваат од Град Скопје.

За овој конкурс, градот издвои 16 милиони денари. – За споредба, во 2016 година биле потрошени 10.300.500 денари, а во 2017 година 11.196.500 денари. Од нив, во 2016 година 22 отсто биле предлог проекти на етничките заедници, а во 2017 година 28 отсто. Оваа година за припадниците на заедниците се издвоени 28 отсто од вкупната сума, односно 4.490.000 денари, се наведува во соопштението.

На Јавниот повик имаа право да учествуваат уметници, самостојни уметници,  установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email