• Latest

Град Скопје конечно ќе воведува драстични мерки за аерозагадувањето!?

January 27, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Град Скопје конечно ќе воведува драстични мерки за аерозагадувањето!?

January 27, 2017 14:27
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Како 36-та точка на дневниот ред на седницата на Советот на Град Скопје вчера беше предвиден Предлог-план за подобрување на квалитетот на воздухот, кој содржи 51 „драстична и систематска мерка“ за намалување на степенот на загадувањето, но професорката Мирјана Најчевска веднаш реагираше дека ниеден план за активности, не може да се базира само врз забрани за граѓаните, туку, пред сé, врз забрани за правни лица, и со стимулации и поддршка на граѓаните.

Предлог – планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопскиот регион предвидува дефинирање на области каде што ќе биде задолжително поврзувањето на новите објекти на мрежата со централно греење, односно, проширување на мрежата за парно греење, замена на старите системи за греење што користат цврсто гориво со модерни грејни тела на пелети – со помош на субвенции, како и забрана за горење несоодветни или отпадни материјали во грејните тела во домаќинствата и промоција на употребата на квалитетно огревно дрво за греење во домаќинствата.

Предвидена е и замена на огревното дрво со централно парно греење, гас или друг вид на гориво, на долг рок, но и користење нови извори на енергија (соларна, геотермална…), а на краток рок – намалување на емисиите со правилно користење на печките и горивата, чистење на оџаците и зголемена проверка на системите за греење на цврсти горива.

Во Предлог-планот се наведени и мерки во однос на другите извори на загадување: сообраќајот (проширување на зоните со забранет сообраќај на тешки товарни возила, синхронизирање на семафорите и замена на семафори со кружни текови), индустријата, и поквалитетно управување со отпадот, а се препорачува и спречување на појавата на прашина по улиците со нивно интензивно чистење преку употреба на посовремени машини и изготвување студија за формирање зони со ниски емисии (LEZ-Low emission zone) во центарот на Скопје.

Професорката Мирјана Најчевска реагираше дека ниеден Предлог-план не може да се базира само на забрани за граѓаните, туку, пред сé, на забрани за правни лица, а на стимулации и на поддршка за граѓаните.

Таа смета дека Предлог-планот има недостатоци, и наведе предлози за негово збогатување во смисла на поголема ефикасност.

„Забрана на возење на нестандардни возила без соодветна пумпа и постари возила (чиј увоз го дозволи популистичката власт), забрана на градење во централното градско подрачје над одредени размери. забрана на отворање каменоломи во близина на градовите и пресметка на нивното влијание. стимулација на чистите извори на енергија (парична и со други видови бенефиции), демонополизација на централното затоплување и можност за избор, бесплатен градски сообраќај или барем енормно намалување на цените на градскиот сообраќај, воведување на трамвајски линии (она што требаше да се направи пред 10 години, наместо спомениците и идолатријата), возобновување на шинобусите и поврзување на приградските населби и општините кои гравитираат кон Скопје со старите железнички пруги“, пишува Најчевска.

Според неа, граѓан(к)ите кои гласаа за изборот на Коце Трајановски за скопски градоначалник, гласале и за загадувањето и за ненаменското трошење на парите, а актуелните локални власти во престолнината, кои се задолжени и одговорни за тоа, сега сакаат да го префрлат товарот на чистењето на воздухот врз граѓаните.

 

Tags: Град СкопјезагадувањеКоце ТрајановскиМирјана НајчевскаПредлог-план
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ