• Latest

Град Скопје никако да ја објави мапата со над 150-те исчистени депонии

February 14, 2022

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Град Скопје никако да ја објави мапата со над 150-те исчистени депонии

February 14, 2022 18:54
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Чистењето на сите диви депонии за 82 дена и ревитализирање на просторот во чиста зелена површина, беше предизборно ветување на градоначалничката Данела Арсовска за самиот почеток од раководењето со Град Скопје. На 31 јануари 2022 година, во отчетот за сработеното, градоначалничката Арсовска ретерираше од ветувањето за чистењето на сите диви депонии и изјави дека во предизборието мапирале 120 диви депонии низ целиот град, а во првите 82 дена исчистиле над 150, пишува Мета.мк.

„За да им овозможиме увид на граѓаните, креиравме и наменски линк со мапираните диви депонии, а воедно отпочнавме и со постапување по пријави за нивно чистење“, изјави градоначалничката Данела Арсовска на 31 јануари 2022 година.

Мета.мк во два наврати, на 4 и 9 февруари до Градот Скопје испрати барање за одговори на идентичните прашања. Побаравме од градските власти да ни го испратат наменскиот линк со мапираните диви депонии во Скопје, за да можеме и самите да се увериме дека се исчистени над 150 диви депонии досега.

Од Градот Скопје побаравме информации за сите 150 исчистени локации, каде се наоѓале дивите депонии, колкава површина на отпад е исчистена од нив, колку тони ѓубре се собрани од локациите и на кој датум се исчистени овие диви депонии. Прашавме и за детали за тоа кои се следните локации од кои ќе се чисти расфрланиот отпад во претстојниот период во Скопје.

И покрај двете барања што ги испративме до Градот Скопје, и по 10 дена не добивме одговор на поставените прашања. Воедно, ја пребаравме веб-страницата на Градот Скопје, Фејсбук страницата на Градот Скопје и Фејсбук страницата на градоначалничката Данела Арсовска, но не успеавме да го пронајдеме наменскиот линк со мапираните диви депонии во Скопје. Навистина, редовно и тековно се објавуваат информации со фотографии за чистењето на поединечни локации во Скопје од расфрланиот отпад, но вкупната бројка на исчистените диви депонии не е објавена.

Инаку, градоначалничката Данела Арсовска на 31 јануари рече дека сите мапирани и детектирани депонии коишто ветиле дека ќе ги исчистат, ги исчистиле, а со тоа го исполниле предизборното ветување за справување со дивите депонии во Скопје.

„Ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина”, стоеше во објавата на социјалните мрежи што ја пренесоа повеќе македонски медиуми на 10 октомври лани од изјавата на Данела Арсовска.

Мета.мк на 25 јануари направи обиколка низ Скопје и откри дека диви депонии и понатаму постојат на неколку локации, каде што и претходно се знаеше дека важат за горливи точки на кои нелегално се одлага отпадот од страна на несовесните граѓани. Во Карпош 3 и 4 тоа се локациите покрај кејот на реката Вардар, во општините Бутел и Шуто Оризари тоа е патот меѓу Визбегово и Шуто Оризари, како и патот помеѓу Бутел и Смилковското езеро.

Инаку, во однос на ветувањето за дивите депонии во Скопје, по пишувањето на Мета.мк реагираа и други медиуми за локациите што остана неисчистени од нелегално расфрланиот отпад, граѓаните на социјалните мрежи пишуваат за местата коишто треба да се исчистат, но и од опозициската партија во Град Скопје СДСМ во неколку наврати објави соопштенија за медиумите со фотографии од неисчистени диви депонии низ македонската метропола.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ