Поради неисплаќање на ноемвриската плата за персоналот од градинката „Фидани“ во Општина Чаир, во знак на протест денеска градинките нема да работат.
Вчера, на вратата од градинката „Фидани“, е закачено соопштение од персоналот на градинката: „Соопштение до родителите – Од среда, 27.12. 2017, вработените во градинката „Фидани“ ќе штрајкуваат. Штрајкот е заради неисплаќањето на ноемвриската плата, од страна на Општина Чаир. Се надеваме дека ќе имате разбирање. Од вработените“.
Вработените во градинките се пожалија за несиплатувањето на и онака минималните плати.