• Latest

Градоначалникот на Кочани: Го осудувам секое насилство и непочитување на законите

April 14, 2021
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Градоначалникот на Кочани: Го осудувам секое насилство и непочитување на законите

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев апелира до сите граѓан(к)и да живеат сложно како и досега, да нема енички тензии, несогласувања и поделби. 

April 14, 2021 14:06
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев за ЦИВИЛ Медиа вели дека го осудува секое насилство и непочитување на законите и додава дека случајот со тепаното дете во кочанско „Трајаново трло“ е изолиран случај и верува дека надлежните органи ќе го расчистат час поскоро.

„Во тоа маало граѓаните постојано се жалат дека има кражби. Дури и нашите објекти во локалната самоуправа се мета на кражби и досега ептен мал број се расчистени. Поради тоа во Трајаново Трло самите жители се самоорганизираа да се штитат од провали и кражби. Јас остварив средба со дел од иницијативниот одбор и началникот на полиција во Кочани за да изнајдеме решение како да се стави крај на кражбите, како и да се спречи загадувањето на воздухот и да не се создаваат депонии“, вели тој.

Градоначалникот на Кочани вели дека веќе е одобрен проект за изградба на типски куќи за 28 семејства кои се социјално загрозени.

„На 8 април на Меѓународниот ден на Ромите сакавме да поставиме камен темелник за отпочнување на изградба на типски куќи каде е планирано да се сместат сите 24 семејства кои живеат во Старата касарна во Кочани и уште неколку други семејства кои се социјално загрозени, без разлика на нивната етничка припадност. Меѓутоа, на 7 април добивме писмо од непознати нарачатели преку кое бевме известени дека локалните жители на Трајаново Трло нема да дозволат да се изгради до нив нова населба. На 8 април жителите на Трајаново трло организираа мирен протест, но на протестот беше истакнат и транспарент „Само преку нас мртви“ кое јас го осудувам и тоа не треба да ја отсликува сликата за соживотот во Кочани“.

Изградбата на станбени објекти во месноста Пресечена Скала во Кочани коишто ќе бидат наменети за сместување на социјално ранливите семејства од Старата касарна, претставува еден од најзначајните проекти во Кочани со кој се решава прашањето на домувањето на лица од ромска националност, коишто живеат во супстандардни услови. Поради реакција на жители од Трајаново Трло, почетокот на работите на изведувачот се одложува додека Советот на Општина Кочани повторно не се произнесе по ова прашање.

„Противењето да се градат планираните објекти за социјалните семејства коишто живеат во супстандардни услови во Старата касарана во Кочани, доаѓа откако е завршена целата урбанистичка постапка, обезбедени се финансиски средства и е избран изведувач на работите. Но, јас нема да делувам спротивно на барањата на граѓаните, ќе се обидам преку дијалог и разговор да најдам решение од кој ќе бидат задоволни сите“, вели Илијев.

Тој вели дека по протестот на жителите на Трајаново Трло против изградбата на станбените објекти за домување на семејства во социјален ризик, на 9 април, по петочната молитва (џума) Ромите сакаа да протестираат пред општината, меѓутоа протестот се откажа по неговата средба со дел од граѓаните од ромска припадност на која ги слушна нивните ставови и видувања за ова прашање.

„Се соочивме со огромно незадоволство и револт кај претставниците на ромското население. Тие беа подготвени за мирен протест бидејќи се огорчени од пораките што беа испратени од претходниот протест, со кој група граѓани се противат на градбата на живеалишта за семејствата во социјален ризик. Сепак, со конструктивен разговор во кој заеднички се согласивме дека нема потреба од зголемување на тензиите, тие го откажаа најавениот протест, бидејќи за секој проблем постои мирно решение“, вели градоначалникот Илијев.

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев упати апел до сите граѓан(к)и да живеат сложно како и досега, да нема енички тензии, несогласувања и поделби.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ