• Latest
фотографија: Арбен Зеќири

Градот под Шара цела недела без вода за пиење

March 1, 2021

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го ескалира бомбардирањето, министерот за одбрана вели дека „Газа гори“

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Шест месеци од трагедијата во „Пулс“ – денес ќе се одржи „Марш за Ангелите“ во Кочани, протестни собири во Штип и Скопје

September 16, 2025
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Градот под Шара цела недела без вода за пиење

March 1, 2021 15:03
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
фотографија: Арбен Зеќири

фотографија: Арбен Зеќири

Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Тетово, веќе една недела немаат доволно вода за пиење. Во одредени денови вода низ чешмите не течела по цел ден, а некои денови само по неколку часа, односно  со рестрикции.

Од локалното Јавно Комунално Претпријатие потврдуваат дека проблемот е горе во Лешница, каде земјиштето се лизнало и како последица, се расипала  главната водоводна мрежа.

Тетовчани санираат последици од лизгање на земјата фотографија: Арбен Зеќири

Директорот Џелал Цека вели дека е интервенирано од првиот ден, но лошите теренски услови вели дека се причина за  времетраењето на работата. Тој ветува дека од утре граѓаните ќе имаат вода со полн капацитет. “Поради лизгање на земјиштето, главната цевка е поместена и од тој извор водата е прекината.“

Ние интервениравме со алтернативни извори во градот, бараме разбирање од населението и се обидовме со рестрикции да создадеме услови сите да имаат вода во одредени периоди. Таму теренот е многу опасен, постоеше опасност и за работниците на кои им се заблагодарувам што и самите ризикувале да го поправат дефектот. При крај сме и за утре планираме да ја пуштиме во употреба водата од Лешница”, изјави Цека.

Санирање на водоводни цевки Тетово / фотографија: Арбен Зеќири

Додека градот се соочуваше со рестрикции многу граѓани се сомневаа во квалитетот на водата. Тие се жалеа  дека низ чешми им тече вода со жолта боја, за која се претпоставуваше дека е последица на мешање со земјиштето. Но, Цека тврди дека водата која стига до граѓаните е безбедна и дека  за тоа побарале мислење од Институтот за јавно здравје, од каде потврдиле дека нема опасни или отровни материи.

Граѓаните обвинуваат дека проблемот се повторува неколку години по ред, а активистите за животна средина обвинуваат за неодговорно работење на локалната власт. Според активистот Аријанит Џафери, виновни се и малите хидроцентрали кои, според него, предизвикуваат лизгање на земјиштето.

-Веќе се навршува една недела откако градот под Шара нема вода за пиење. Според сегашните информации расипана е главната водоводна цевка во Лешница, а лизгањето на земјиштето што го предизвика дефектот е последица на многуте хидроцентрали кои се градени таму”, изјави Џафери.

Арбен Зеќири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ