• Latest

Градот Скопје потпиша договор за изработка на студија за целосна реконструкција на мрежата на автобуските линии

June 1, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Градот Скопје потпиша договор за изработка на студија за целосна реконструкција на мрежата на автобуските линии

June 1, 2021 16:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градот Скопје потпиша договор со реномираните компании РОМ Транспортејшн и ГСТЦ ЛТД за изработка на студија за оптиматизација на линиите на автобускиот јавен превоз во главниот град, целта е воведување на нов систем кој ќе овозможи целосна реконструкција на мрежата на автобуските линии.

-Пред две години Град Скопје зема заем во висина од 10 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, со тоа град Скопје и ЈСП почнаа со реализација на проектот за набавка на 33 еколошки автобуси. Во рамките на тој проект од страна на ЕБОР е обезбедена и техничка поддршка  преку грант на неповратни средства за изработка на студија за оптиматизација на линиите на мрежите на автобускиот јавен превоз во Скопје, изјави градоначалникот Петре Шилегов на денешната пред-конференција.

Додаде дека од вкупно 17 понуди од светски реномирани консултантски организации во сферата на транспортот од Градот Скопје, бил избран конзорциумот меѓу израелската компанија РОМ Транспортејшн и англиската ГСТЦ ЛТД со понуда во висина од 322.530 евра. Компаниите имаат изработено голем број на студии за потребите на јавниот превоз во Израел, Велика Британија, Романија, Литванија, Хрватска, како и  други земји членки на ЕУ .

-Потребата од ваква студија се наметна поради фактот што актуелна мрежа на линии во нашиот град е направена врз основа на ваква студија која датира уште пред точно 40 години, имајќи во предвид колку градот е променет во последниве 40 години и во однос на популацијата и урбаниот развој, подготовката на ваква нова студија со која ќе извршиме целосна реконструкција на мрежата на автобуските линии беше повеќе од неопходна, рече градоначалникот Шилегов.

Тој истакна дека главната цел е зголемување на атрактивноста на јавниот градски превоз кој ќе резултира со намалување на употребата на автомобилите.

-Со оваа студија очекувам да се појават нови решенија за системот на јавен превоз кој што ќе ја зголемат неговата популарност што недвосмислено ќе води до поголем број на патници кои ќе го користат јавниот превоз правејќи го индивидуалниот автомобилски превоз помалку атрактивен, а градскиот одржлив. Оваа студија на граѓаните на Скопје ќе им понуди нови автобуски рути напреден систем за наплата и напреден возен ред кој ќе биде во целост во согласност со потребите за мобилност на граѓаните во различни периоди од годината за време на викендите за време на празниците но и во дневните периоди усогласени со временските пикови, соопшти Шилегов.

Дополнително информира дека студијата ќе ги вклучи двете рути на брзиот автобуски транспорт БРТ, со алтернативни сценарија со една рута и без овие рути за периодот пред неговото пуштање во употреба, како и дека реализацијата е предвидена за временски период од 12 месеци.

-Оттука убеден сум дека за помалку од две години нашите современи скопјани ќе можат целосно да ги почувствуваат придобивките од новата организација на јавниот превоз во Скопје, а со имплементација на    системот верувам дека ќе може да се пофалиме дека имаме најдобро организиран јавен превоз во регионот, меѓутоа и пошироко во Европа, заклучи тој.

Моше Хирш, генерален менаџер на РОМ Транспортејшн,  рече дека нивната компанија во последниве 15 години комплетирала и завршила околу 80 вакви проекти ширум светот, а сега се пред нов предизвик да се докажат.

На прес-конференцијата Шилегов одговарајќи на новинарско прашање напомена дека тој како градоначалник, инфраструктурата на градот ја гледа врз основа на податоци, анализи и студии.

-По основ на тие податоци ние ќе ја правиме проценката и уредувањето на движењата на возилата, она што вие не го гледате во моментов, а што се одвива тоа е изработката на тунелот под Стара железничка станица, а ние како град некаде во текот на  средината на наредната година ќе започнеме да работиме на конектирањето на тој тунел со останатата инфраструктура. Тоа е тунел којшто ја спојува „Ивол Лола Рибар“, односно „Васил Гологанов“ со Кисела Вода. Во меѓувреме работиме на два коридора од општина Аеродром и општина Кисела Вода. Улица „Есенинова“ и ја започнуваме сега „Васко Каранѓеловски“. „Васко Карангелевски“ го спојуваме на мостот на бул. АСНОМ, а за Аеродром ги спојуваме преку „Есенинова“ до излезот од тунелите под Железничка, истакна градоначалникот Шилегов.

Воедно потсети дека градот прави стратешки развој на инфраструктурата и дека за тоа ќе биде потребен посебен брифинг со мапи, со цел подобар увид на градежната активност во градот.

-Она што имаме во општина Аеродром имаме еден излез на градот кај Железничка станица. Истиот е сличен и за граѓаните на Лисиче. Она што го работиме со мостот на булеварот АСНОМ е отворање нов коридор. Да потсетам дека во Лисиче и во Аеродром живеат околу 80-90 илјади луѓе коишто сега се движат по еден коридор којшто е паралелен, едниот завршува кај „Веро Центар“, другиот завршува кај „Тутунски“. Со пробивањето на мостот вие де факто на тие 80 илјади граѓани им овозможувате излез кон „Мавровка“, значи директно ги внесувате во средниот ринг и кога ќе го имате тој влез на возила како импакт во анализите што ги правиме за сообраќајот тогаш го регулирате движењето на возилата и во малиот и во средниот ринг. Сè друго е импровизација. Јас не сум човек што сака да импровизира, изјави Шилегов.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ