Градот Белпуџ во шпанскиот регион Каталонија, синоќа соопшти дека прогласил независност на Каталонија од Шпанија.
Иако советите на поголем број други градови и села донесоа слични декларации, советот во Белпуџ се смета дека е првиот што се реши на таков чекор, што доаѓа во период на засилени тензии меѓу властите во Мадрид и Барселона околу следните чекори.
„Белпуџ е првиот град каде е прогласена независноста“, соопшти каталонската телевизија 324.
Градскиот совет наздрави со шампањско по прогласувањето на независна Каталонија. Гратчето се наоѓа стотина километри западно од Барселона и се приклучи на кампањата која се организира низ цела Каталонија, каде градските совети се повикани да гласаат за независност. Каталонскиот Парламент треба да се состане вечерва, при што ќе се обрати претседателот на Владата, Карлес Пуџдемон, од кого се очекува да ги најави натамошните чекори кон планираното отцепување од Шпанија.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.