• Latest

Графити со говор на омраза врз градскиот симбол во Гостивар

May 22, 2024

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Графити со говор на омраза врз градскиот симбол во Гостивар

ЦИВИЛ го осудува вандализирањето и говорот на омраза во Гостивар, посочувајќи дека почитувањето на различностите е основен услов да се изгради општество на рамноправни граѓанки и граѓани, и рамноправни заедници по сите основи. Општество во кое не се почитуваат различностите е соочено со силни предизвици и ризици од тензии и насилство.

May 22, 2024 13:08
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Непознати лица испишале текст на албански јазик со навреди и го исшараа монументот кој се наоѓа на кејот во Гостивар. Претходно на срцето беше исцртано македонското знаме и делови од словенската азбука, како чин за одбележување на 24 Мај – денот на писменоста, објави Фронтлајн.

Гостиварци од утрово по социјалните мрежи го осудуваат овој чин.

– Ова не е постапка со која се отсликува соживотот на гостиварчани, зошто сите ние – Македонци, Албанци, Турци, Роми. Сме растеле заедно, сме се почитувале и сме ги негувале различностите. Ова може да го направи само оној што не израснал со овие вредности, напиша Ема Мешковска, советник во општинскиот совет и еден од иницијаторите да се одбележи денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Во полиција настанот не е пријавен, а доколку биде, како што наведоа од СВР Тетово, ќе бидат превземени соодветни мерки.

Врз сегмент од бетонскиот монумент во понеделникот, средношколци со дозвола на локалната самоуправа го обои со мотиви на македонското знаме и беа испишани букви од глаголицата и кирилицата.

На Светскиот ден за културна различност за дијалог и развој (21 мај), ЦИВИЛ упати гласен и недвосмислен повик до сите чинители во земјата, регионот и светот, конечно да покажат вистинска волја да обезбедат сигурна иднина, стабилност и праведен мир на национално, регионално и меѓународно ниво.

„Почитувањето на различностите е основен услов да се изгради општество на рамноправни граѓанки и граѓани, и рамноправни заедници по сите основи. Општество во кое не се почитуваат различностите е соочено со силни предизвици и ризици од тензии и насилство.

Институциите, медиумите и граѓанското општество имаат обврска и одговорност да го промовираат почитувањето на различностите на доследен и искрен начин, како преку легислативата, политиките и практиките, така и преку проактивно општествено и медиумско делување“, велат од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ го осудува вандализирањето и говорот на омраза во Гостивар.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ