ЦивилМедиа на својата Фејзбук страница го постави ПРАШАЊЕTO НА ДЕНОТ: Зошто и по 29 години остана мистерија кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
На 3 октомври пред 29 години, беше извршен атентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. Истражната постапка против непознат сторител сè уште е отворена. Зошто?
Во пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека една од причините зошто е тоа така е што Киро Глигоров остана жив.
Затоа што по атентатот остана жив Киро Глигоров. Се знае, злото кај Македончето секогаш доаѓа од блискиот круг.
Претседателот Глигор знаел кој го извршил атентатот, но несакал да се објави. Така што има луѓе кои знаат..
Ќе се дознае по 50 години.
Дел од читателите сметаа дека одговорот е очигледен:
Кој беше на власт?
Фрчковски и компанија – јавни тајни.
Затоа што инспираторот е од Москва, нарачателот од Белград, извршителот(те) од Србија, Бугарија, Хрватска со домашна логистика од нивни колеги по занает за пари и спротивни идеали од неговите, а изнајмени од нарачателот.
Б. Ј.