• Latest

Граѓаните на Косово повикани на „протест на балкон“ против партиски интереси во време на Ковид-19

March 19, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Граѓаните на Косово повикани на „протест на балкон“ против партиски интереси во време на Ковид-19

Граѓаните на Косово се повикани денеска во 20 часот да излезат на прозорците и балконите и со петминутна бучава да го изразат протестот против личните и партиските интереси на политичарите во време на новиот корона вирус,

March 19, 2020 18:57
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Косово се повикани денеска во 20 часот да излезат на прозорците и балконите и со петминутна бучава да го изразат протестот против личните и партиските интереси на политичарите во време на новиот коронавирус.

На посебно креирана Фејсбук страна „Протест од балкон“, од граѓаните е побарано да излезат на прозорците и балконите и удирајќи во разни предмети, тави, тенџериња, лажици…да направат бучава, со која ќе го изразат протестот против партиските поделби во време на епидемија.

„Во време кога сите би требало обединети да работат и да управуваат со ситуацијата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, косовските политичари ја злоупотребуваат својата политичка моќ за истовремено да создадат драма и несигурност во моменти кога земјата треба да се мобилизира против пандемијата на вирусот. Денеска, на 19 март, секој од нас, во 20 часот нека излезе на пет минути на својот балкон или прозорец ширум Косово, создавајќи бучава со која бараме од сите политички партии и институционални лидери да размислат за актуелната ситуација и паника која ја проживува секој граѓанин на Косово“, се вели, меѓу другото, во повикот упатен на Фејсбук.

Апелот за политичка обединетост доаѓа откако вчера лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа, по вечерашната вонредна седница на партиското раководство, соопшти дека ќе иницира во Собранието гласање за доверба на премиерот Албин Курти. Како главни причини поради кои се одлучил на растурање на коалицијата со Движењето Самоопределување (ВВ), Мустафа ги наведе ставовите на премиерот и лидер на ВВ Албин Курти во однос на барањата на САД за укинување на таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина и одлуката на премиерот за разрешување на министерот за внатрешни работи Агим Велиу, кој е од редовите на ЛДК.

Курти вчера го разреши Велиу поради несогласување со неговите ставови во однос на кризата предизвикана со епидемијата на коронавирус. Курти информираше дека Велиу се изјаснил против ставот на премиерот во врска со намерата на претседателот на државата Хашим Тачи да се прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ