• Latest

Граѓаните на попис – политиката на страна

February 9, 2021

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Граѓаните на попис – политиката на страна

Партиите нека си ги земат заслугите и само нека го промовираат успехот на пописот, истакна Симовски.

February 9, 2021 16:35
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Претстојниот попис е чисто статистичка операција и нема простор за никаква политизација“, рече директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, на панел дискусијата „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“ во организација на ЦИВИЛ. Тој додаде и партиите нека си ги земат заслугите, само нека го промовираат успехот на пописот.

На дебатата Симовски потенцираше дека корист од пописот ќе има секој граѓанин. На прашањето за евентуално одложување на пописот тој рече дека Заводот за статистика останува истраен до крај да се изведе пописот во законски предвидениот рок, а за тоа дали евентуално ќе има одложување, за тоа пратениците решаваат во Собранието на Република Северна Македонија. Објаснувајќи ги термините кои во јавноста предизвикуваат посебен интерес како што се “резидентни” и “нерезидентни” граѓани, Симовски потенцираше дека државата има голем интерес да ја дознае бројката на нерезидентни кои живеат повеќе од една година во странство, и во таа смисла ќе биде многу важен податокот најприближно да се утврди бројот и на присутните граѓани и на македонските државјани кои во моментов не се во земјава.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, на панел дискусијата „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“ во организација на ЦИВИЛ.

Директорот на Државниот завод за статистика посочи дека денес на пазарот на трудот има огромен недостаток на работна сила, пописот тоа прецизно ќе ни го покаже и ќе овозможи да создаваме услови за враќање во земјата на нашите граѓани кои работат во странство.

На оваа линија беше и Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, кој посебно го истакна значењето на пописот за локалната самоуправа каде што практично луѓето егзистираат во своето секојдневие.

„Без попис не може ни бизнис да се води. Попис мора да има барем еднаш во 10 години, со цел да ги следиме и економските и општествените движења и да создадеме услови за побрз економски развој“ изјави Шилегов.

На прашањето за тоа како скопскиот градоначалник воедно и политичар Шилегов гледа на политизацијата на пописот, тој рече дека се обидува да не влезе во политизација додавајќи дека стандардите што ги дава Заводот се во согласност со мерките и стандардите на Обединети нации.

Скопскиот градоначалникот исто така потврди дека во рамките на ЗЕЛС, сите општини во земјава на чело со градоначалниците се подготвени успешно да ја реализираат претстојната статистичка операција за што се доволно подготвени просторно, технички и кадровски.

Новинарот Дехран Муратов на панелот на Цивил посебен акцент стави на анти кампањата за пописот лоцирајки ја ѝ во средините на припадниците на помалите етнички заедници.

Дехран Муратов, на панел дискусијата „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“ во организација на ЦИВИЛ

„Во недостаток да понудат политичка програма, одредени политички субјекти кои потекнуваат од тие етно средини се наметнуваат да го искористат амбиентот за попис за остварување на свои амбиции во политиката и сето на сметка на успешноста на пописот“, вели тој.

Спротиставувајќи се на ваквите појави, Муратов рече дека ние луѓето не сме бројки и правата на граѓаните не би требало да произлегуваат од бројноста на одредени етнички заедници.

Панел дискусијата на ЦИВИЛ што се одржа денеска во Скопје, и на која модератор беше новинарот Зоран Иванов, уште еднаш потврди дека на Република Северна Македонија пописот закажан за месец април, е мошне потребен. Не само затоа што државата нема направено попис и практично е единствената држава во светот која не ја спровела оваа статистичка операција цели две децении, туку и дека пописот е елементарна основа како за детектирање на актуелните демографски, економски и социолошки состојби, така и нужна за планирање на севкупниот општествен и економски развој на земјата.

Ирена Крџиќ 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ