• Latest

Граѓанките и граѓаните имаат каде и како: Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ – место за сите (не)пријатни прашања и коментари

March 27, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Граѓанките и граѓаните имаат каде и како: Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ – место за сите (не)пријатни прашања и коментари

March 27, 2026 07:01
in ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако не можат во Собранието, Владата, институциите, партиите или другите форуми, граѓанките и граѓаните имаат каде да го кажат своето мислење: на медиумската платформа на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

На крајот од работната недела, повеќе од 70 пати во изминатите 18 месеци, ЦИВИЛ отвора простор за директни прашања и пораки од граѓанките и граѓаните до политичарите. Кога велиме ПОЛИТИЧАРИ, мислиме на сите што се занимаваат со политика – на локално и централно ниво, на власт или во опозиција.

Прашањето е едноставно: Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите?

Во оваа прилика, ние во Редакцијата ЦИВИЛ Медиа сакаме посебно да нагласиме: секое мислење е драгоцено и добредојдено.

За нас е сосема разбирливо што луѓето се разочарани, лути, огорчени. И треба да бидат во состојба да ги искажат тие емоции. И ве охрабруваме да продолжите така.

Но заедно можеме и повеќе.

Да споделиме искуства за неправдите, корупцијата, грабежот и неспособноста.
Да ги поставиме непријатните прашања.
Да бараме – и да предлагаме.

Нашите животи – тоа што имаме или немаме да ставиме на трпезата, каков воздух дишеме, во какви болници се лекуваме, во какви училишта одат децата – често зависат од оние што се на власт или во администрацијата. Не затоа што се најспособни, туку затоа што некој ги штити.

Секое прашање, секоја сторија за неправда е чекор кон подобар живот. Можеби мал, можеби незабележлив за многумина – но значаен.

Затоа, изразувајте ги емоциите. Но споделете и искуства. Поставете барања. Дајте предлози.

Не се откажувајте.

И – ако верувате дека некој во политиката сè уште слуша – искористете го тоа.

Можеби некои од вас имаат доверба во одреден политичар. И сметате дека токму тој или таа треба да го изнесе вашето прашање на собраниската говорница. Не се колебајте – поставете го тоа прашање.

Побарајте од оние што имаат чест и совест во политиката да го артикулираат вашето барање. Со ЦИВИЛ, заедно, вашите гласови добиваат уште поголема моќ.

Кажете им на властите што се случува во вашиот град, во вашата улица. Побарајте решенија. За тоа ги плаќате. Не за веење знамиња и борба со измислени непријатели – додека со вистинските непријатели ги делат профитите.

Слободата, демократијата и правдата никогаш не доаѓаат сами. За нив се бориме – а кога ги имаме, ги браниме. Секој ден. Секаде.

Заедно. И солидарно.

Вашата Редакција


Поддршка за ЦИВИЛ

Tags: властГраѓански форумполитичарицивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ