Поранешната претседателка на Советот на Општина Центар, Јана Белчева-Андреевска, на претстојните локални избори ќе ја предводи независната листа на кандидати за советници на Општина Центар од граѓанската иницијативата „Шанса за Центар”.
Иницијативата „Шанса за Центар” денеска на прес-конференција во Градскиот парк во Скопје ја претстави платформата, со која од утре ќе се собираат потписи за кандидирање на независна листа на претстојните локални избори.
Покрај актуелната советничка Јана Белчева-Андреевска, кандидати за советници на иницијативата се и Дивна Пенчиќ и Јане Димески.
На листата, како што информираа, се активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области.
„Шанса за Центар” е граѓанска иницијатива која произлезе од поврзување на „Здравје пред профит” со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на живот во општина Центар“, велат од иницијативата.