Граѓанките и граѓаните кои ја следат работата на ЦИВИЛ имаат можност да коментираат, да споделат искуства и информации, или да постават прашање или барање од институциите и политичарите.
Еден таков пример е и прашањето поставено во коментари на редовното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ што го поставува ЦИВИЛ на својата медиумска платформа секој работен ден.
Прашањето што го постави една граѓанка во коментарите на ФБ страницата на ЦИВИЛ е нешто што сите ги мачи во овој тежок период:
Дали ќе има стабилизирање и намалување на прехранбените артикли и горивото? Одговори кои ги чекаме сите.
Редакцијата при медиумската платформа на ЦИВИЛ го објавува ова прашање јавно и го упатува до Владата.
Одговор чекаат сите.
ЦМ Деск











































