На конференцијата „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени”, што ќе се одржи утре во хотел Солун со почеток во 10 часот ќе биде претставен Инструментот за мерење на влијанието на граѓанските организации врз општествените промени, во рамки на прокеот што го спроведе Асоцијацијата за истражување, комуникации и разво, „Паблик”, како дел од Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас”.
Инструмент за мерење на влијанието на граѓанскиот сектор врз општеството е создаден со цел граѓанските организации да го утврдат својот капацитет за поттикнување општествени промени.
Во рами на утрешната конференција ќе се случува и панел дискусијата: „Како до значајни општествени промени: Визии за иднината на граѓанското општество“, а ќе дебатираат Ило Трајковски, професор на Институт за социологија при Филозофски факултет, Нано Ружин, ректор на Факултет за политички науки и дипломатија, Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, Моника Божиноска, проектна координаторка во „Цивика мобилитас“ и Билјана Петковска, извршна директорка на Македонскиот институт за медиуми.
МЛ