Некои датуми засекогаш ќе бидат врежани во нашите мемории. Сите ќе помниме што се случи на 24.02.2022 и што правевме тој ден кога Русија ја нападна Украина. Претседателот Зеленски беше во право кога истакна дека неговите војници не се борат само за Украина, туку и за нашата безбедност и нашите вредности, изјави Биби Грамсон, заменичка на Амбасодрката на Шведска, на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.
„Ние сме длабоко исполнети со почит за украинскиот народ кои покажаа извонреден хероизам, борејќи се за демократија и човекова слобода. Руската агресија е повеќе од напад врз Украина и нејзиниот народ, тоа е напад врз секоја земја“, додаде Грамсон.