• Latest
Фото: Влада.мк

Грковска: Се зајакнува борбата со корупцијата

August 15, 2023
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Грковска: Се зајакнува борбата со корупцијата

August 15, 2023 12:07
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Формалната работна група за подготовка на Предлог-закон за конфискација на имот во граѓанска постапка денеска го одржа првиот состанок, на кој беше усогласена интензивна динамика на работа во наредниот месец, соопшти владината прес-служба. Целта е до средината на септември да се подготви решение, кое ќе се достави на мислење до Европската Унија и Венецијанската комисија.

-Во таа насока, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, која претседава со оваа работна група, нагласи дека е важно за државата овој закон да се донесе во најбрз можен рок, затоа што тој ќе претставува додадена вредност во алатките за борба против корупцијата. Вицепремиерката Грковска ги информираше членовите на работната група за нацрт текстот на овој закон, кој изминатава година се подготвуваше во соработка со Советот на Европа. Овој првичен документ е солидна основа за да се изработи закон кој ќе биде функционален, применлив, кој нема да биде контрадикторен со други законски решенија и со кој ќе бидат запазени меѓународните стандарди, информира прес-службата на Владата.

Од физибилити-студијата, анализата на состојбите и моделите на конфискација во модерните правни системи,  досегашната, неформална експертска група, заклучи дека постојното кривично и управно законодавство не може целосно да ги опфати случаите кои се појавуваат во пракса, кога во постапките не може целосно да се одземе имот стекнат од незаконски извори.

-Оттаму, повеќе меѓународни и домашни документи беа разгледувани како основа за подготовка на ново одржливо законско решение, преку кое ќе се овозможи воспоставување дополнителен механизам за успешно спречување неосновано збогатување и конфискација на имот кој не бил стекнат од законски извори, се наведува во соопштението.

Презентираниот првичен документ ќе се надгради од оваа работна група, составена од претставници на: Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Државната комисија за спречување на корупцијата, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, Агенцијата за управување со одземен имот, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија – Канцеларија за поврат на имот, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје, Основниот граѓански суд Скопје, Управниот суд, Државното правобранителство, претставник од академската заедница, како и претставници на  Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ