• Latest

Грковска со претставници од невладиниот сектор: Неопходен е партнерски однос со граѓанските организации, нивната експертиза е важен елемент во креирањето на политики

May 19, 2022

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Грковска со претставници од невладиниот сектор: Неопходен е партнерски однос со граѓанските организации, нивната експертиза е важен елемент во креирањето на политики

May 19, 2022 13:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска одржа состанок со претставници од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, на кој присуствуваа Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешенл, Љуљзим Хазири од Асоцијацијата за демократски иницијативи, како и Снежана Камиловска од МЦМС, пренесува владината прес служба.
На оваа средба, која е дел од состаноците што вицепремиерката Грковска редовно ги одржува со граѓанските организации, посебно внимание се посвети за процесот на подготовка на законската регулатива за потекло на имот како и процесот на реорганизација на државната администрација, за кој се очекува да почне пилотирањето во три министерства.

„Партнерскиот однос со независните институции, како и со граѓанските организации е клучен, затоа што нивната експертиза за одделни прашања е многу важна при креирањето на идните политики. Таа симбиоза е формула за успех“, оцени Грковска.

Вицепремиерката информираше дека работната група која работи на законот за потекло на имот, во соработка со Советот на Европа неодамна одржа дводневна работилница на која се разгледуваа отворените прашања и нагласи дека за ова законско решение не смее да се брза и треба да се подготви низ внимателен и сеопфатен процес.

Во однос на процесот за Реорганизација на државната администрација, Слаѓана Тасева која е дел од проектот, нагласи дека во наредниот период се очекува да почне пилотирањето во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за информатичко општество и администрација, како и Министерството за економија, а процесот ќе биде јавен и транспарентен.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ