• Latest

Грковска: Жените да останат на фронтот во борбата за добро владеење

March 9, 2023
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Грковска: Жените да останат на фронтот во борбата за добро владеење

March 9, 2023 15:30
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter
Заменичката на претседателот на Владата, Славица Грковска, задолжена за политики за добро владеење, се обрати пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на кој фокусот беше ставен на женските права и состојбата со родовата еднаквост и корупцијата, при што истакна дека стекнатите права како најголема цивилизациска придобивка мора постојано да се штитат од прекршување или одземање.

„Борбата на жените трае со векови и тие постојано поместуваат граници, затоа што едноставно мораат. Се борат против нееднаквоста, насилството, економската и политичката немоќ, против исклученоста од процесите на одлучување. Истражувањата покажуваат дека таму каде што правата на жените се уживаат целосно, таму каде што жените се застапени во носењето одлуки корупцијата е пониска. Тој што е против унапредувањето на човековите права, е против напредокот на целата заедница, бидејќи цели кон исклучување на групи од социјалните текови. Тие што вршат сексуална изнуда врз жени или ги држат во ропство, со сигурност се вмешани и во други форми на корупција“, нагласи вицепремиерката Грковска.
Во контекст на темата, таа потсети на Кетрин Џонсон, жена херој, која успеала со своето знаење, упорност, непокорност, да ги надмине сите пречки со кои се соочила на својот професионален пат и буквално да го освои американското општество.  Таа била првата жена-афроамериканка која, на крајот на педесеттите и на почетокот на шеесеттите години од минатиот век, во централата на НАСА, со своите математички знаења и вештини, го дала најзначајниот придонес за развојот на вселенската програма, што се смета за еден од најголемите успеси на човештвото. Нагласи дека Кетрин се соочувала со различни форми на дискриминација – полова дискриминација, расна дискриминација, и тоа во исклучително тешки времиња кога за човековите права од оваа перспектива воопшто не се ни разговарало, а жените во науката биле застапени на ниво на статистичка грешка.
„Да не заборавиме и дека силите кои се залагаат за регрес на правата на жените или маргинализираните групи, всушност се антидемократски сили и во себе го носат поривот за надмоќ, за владеење со сила, за селективност и затвореност. Тоа не е владеење какво што посакуваме, затоа што тоа им штети на луѓето, на мирот, на слободите. Затоа жените мора да бидат на фронтот на борбата за добро владеење“, додаде Грковска во своето обраќање.
Таа истакна дека жените мора да продолжат да се борат за себе, но и да градат сојузништва за борба против појавите и практиките кои го минираат развојот, како што е корупцијата. Бидејќи таа е силен фактор кој го прави невозможен излезот од сиромаштија и поради кој луѓето немаат подеднаков пристап до добра, услуги и прилики за развивање и подобар живот и стандард.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВиенаГрковскаОБСЕчовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ