Експерти од Германија и Франција, инаку лути земји-сопернички во артилериската индустрија, со заеднички сили работат на нов проект, а тоа е до 2030 година да создадат високотехнолошки и добро вооружен супер-тенк.
Според порталот „К-Политика“, првичните информации покажуваат дека се работи, меѓу другото, за компанијата Рајнметал и нивната програма „Main Ground Combat System 2030+“. Станува збор за хибридна верзија, спој на тенковите „Леопард 2” и A-ем-икс-56 „Леклерк”.
Во првата етапа годинава, „Леопард 2” ќе добие основен систем разработен по концептот „дигитално јадро на куполата” (digital turret core system), а и систем за „активна заштита“ (Active Defense System – ADS).
Во втората етапа, оклопното возило ќе добие и топ со поголем калибар – од 130 милиметри, кој ќе биде и 50 отсто помоќен.
Во третата фаза, програмата предвидува привршување на првиот прототип на спојување на францускиот „Леклерк” и „Леопард 2”.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини