• Latest

Германските социјалдемократи под сѐ поголем притисок да преговараат со Меркел

November 23, 2017

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Германските социјалдемократи под сѐ поголем притисок да преговараат со Меркел

November 23, 2017 10:13
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германските социјалдемократи се изложени на сѐ поголем притисок да го променат ставот и да се вклучат во владината коалиција во Германија, откако пропаднаа тристраните преговори на демохристијаните, либералите и зелените за формирање нова влада. 

Лидерот на Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Мартин Шулц, ја исклучи можноста за широка коалиција, откако неговата партија ги забележа најлошите изборини резултати во поствоениот период на изборите одржани во септември.

„Гардијан“ тврди дека се очекува, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е сопартиец на Шулц, денеска да разговара со него со цел, тој да ја промени својата позиција во однос на учеството во Владата. Шулц во неделата, по пропаѓањето на преговорите за формирање нова коалиција, нагласи дека не го променил ставот околу колаицирањето со демохристијаните.

Британскиот весник наведува дека постои предлог Шулц да биде повикан да ја напушти лидерската позиција во СПД на претстојаната конфернеција на партијата, што ќе биде одржана за две недели, доколку одбие да преговара за продолжување на досегашната владина коалиција со Христијанко демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел.

Меркел, по пропаѓањето на преговорите меѓу ЦДУ, нејзината сестринска Христијанско социјална унија (ЦСУ), Слободната демократска партија (ФДП) и Зелените, изјави дека претпочита да бидат одржани нови избори, отколку да раководи со малцинска влада, како и дека е подготвена повторно да биде кандидат на нејзината партија за канцелар.

„Гардијан“ забележува дека по неуспехот на трипартитните преговори, Меркел доби уште поголема поддршка во ЦДУ, со што на никаков начин не е загрозена нејзината лидерска позиција.

Сепак, позицијата на Шулц во СПД е понестабилна, бидејќи многу социјалдемократи сметаат дека не треба да бидат одржани нови избори, бидејќи, според нив, партијата може да оставри уште полоши резултати, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) да добие поголем број пратенички места.

Претседателката на парламентарната група на СПД, Андреа Нелс, наведе дека нејзината партија ја разгледала можноста за поддршка на мацинска влада составена само од партијата на  Меркел или од ЦДУ и Зелените.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Германијаизбориполитичка криза
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ