• Latest

Громогласниот молк ќе нè уништи!

May 4, 2018
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Громогласниот молк ќе нè уништи!

May 4, 2018 13:39
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната дебата во ЕУ Инфоцентарот новинарот Един Хајдарпашиќ распали по претставниците на власта задолжени за односи со јавност и на Здружението на новинари. Тој истакна дека малите плати, притисоците, цензурата… се само дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваат новинарите во Македонија. Додека траеше неговиот говор, панелистите и дел од новинарите на некој начин се обидуваа да го замолчат, демек, немало време. Никој од присутните не му даде поддршка, освен младиот новинар Фуркан Салиу кој го поддржа: „Слободно зборувај, го имаш моето време на располагање…“

Во еден момент, Хајдарпашиќ се сврти кон новинарите и праша „Кажете ми дали нешто лошо зборувам. Дали заслужувате човечки примања и капитал?“ Во тој момент настана громогласен молк! Односно, сите гласно извикаа ДА, во себе.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани му реплицираше дека не треба да кука, туку да предложи вистинско решение за проблемите. И дека не е вистина дека ништо не направил во изминатите години додека е на чело на ЗНМ.

Во духот на дебатата и на слободата на изразување, Селмани не ги поднесе критиките и му се обрати на новинарот со зборовите: „Спинувате, одвратно спинувате. Вие на митинг сте или на дебата!?“

Колегата Христијан Баневски, поранешен новинар на ТВ24, сега вработен во 1ТВ, напиша отворено писмо за случувањата во телевизијата од каде е заминат повеќе од еден месец.

„Со смената на раководството (септември 2016) умре и новинарството во телевизијата. Честопати со колегите коментиравме дека пред тоа бевме сместени во мизерни простории со никакви плати, но бевме среќни бидејќи продуциравме вести кои граѓаните заслужуваат да ги слушнат. Полека но сигурно, во изминативе година ипол, телевизијата стана бастион на сензационализмот и извор на кич програма. Понекогаш се срамев да кажам каде работам, а внимавајте, некогаш сонував да се појавам во етерот со микрофон од ‘дваесет и четворка’.
На некој од првите состаноци со новото раководство (главниот и одговорен уредник, Младен Чадиковски и програмскиот уредник Нехру Хоџа), како сега се сеќавам, ни беше соопштено дека мораме да внимаваме на гардеробата, на шминката, на физичкиот изглед (што е во ред, со оглед на тоа дека се работи за телевизија) и се сеќавам точно на изразот на лице кај секого од колегите, кои со платите едвај успеваа да си го покријат бензинот до работа. Сфативте и вие, затоа никогаш повеќе не го ни споменавте истиот муабет, но веќе со секој следен состанок бевме константно тортурирани дека треба да враќаме теми во телевизијата за обработка во ТВ прилози. Не ме сфаќајте погрешно, тоа е наша работа, меѓутоа кога велам тортурирани, мислам на тоа дека врќавме теми кои завршуваа во фиока, а за сметка на нив, трошевме време во етерот со вест за тоа колку македонската економија бележи напредок. Мислиш, гледаш Сител во време Груево… пародии“, стои во писмото на Баневски, само еден ден по одбележувањето на Меѓународниот ден на слобода на печатот.

Оптимистичките пораки на власта, упатени по повод вчерашниот ден, паднаа во сенка на овие два настана. Но, ниту нервозата на Хајдарпашиќ, ниту отвореноста на Баневски, не се толку страшни колку што е страшен молкот и несолидарноста на колегите-новинари.

Она што загрижува е и мотивот на Баневски, кој отвореното писмо го напишал, не толку – затоа што е вознемирен од случувањата во телевизијата во која работел до неодамна, колку што го испровоцирал наводен коментар за неговата професионалност.

Е па, другар(к)и новинар(к)и, добродојдовте во демократска новинарска цензура или самоцензура! Никој не смее да каже дека не е добро, освен ако не им е добро на новинарските лидери. Вака за слобода не се бориме!

Дехран Муратов

Tags: дебатаЕдин ХајдарпашиќЗНМмолкнесолидарностХристијан Бановски
Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ