Првиот вицепремиер, Артан Груби, на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“ зборуваше за европските вредности како начин на живот.
Да бидам најискрен, синоќа кога ме потсетија за настанов и ми испратија готов говор, го видов сабајле и не ми се допадна и си напишав нов бидејќи треба да се испратат пораки важни.
Денес, по тоа што видов, настанот е за европските вредности.
Нашата земја ги споделува европските вредности за мир, толеранција, владеење на право итн. Но во својата суштина, европските вредности вред се многу повеќе од една default состојба на една целина. Тоа е начин на живот и пожртвуваност за мирот. Нашиот континент имал подолги периоди на војна отколку на мир.
Различностите се придобивка и колорит, но во исто време е и проблем од верски, етички и други прашања. Тоа е поради дискриминација. Еднаквоста е формулата за мултикултурата. Колку државата е по лојална кон граѓаните, толку граѓаните се полојални кон државата.
Не може општество да биде едно ако не сме еднакви.
Сите наши влади беа евроатлански и силно посветени за ЕУ и НАТО бидејќи силно веруваа во таа посветеност.
Во 2018 Евроатланскиот сојуз ги отвори вратите за Хрватска и Албанија, но не и за нас.
Го постигнавме и ратификувавме Преспанскиот договор и добро соседскиот договор со Бугарија, го променивме Уставот и го ратификувавме Охридскиот Рамковен договор. Одржавме локални парламентарни и претседателски избори. Го сменивме начинот на размислување и делување. Тоа го направивме хазардски без многу размислување.
Европа е вториот најмал континент на планетата по големина. Едноставна слика со тажна црно бела графика покажува дека нашиот континент повеќе од 2000 години е повеќе во војна отколку во мир.
Кога носеа одлука тогашните ЕУ лидери беа храбри, миротворни. Одлуката ја носеа имајќи ја одговорноста за носење на мир. Не верувам дека мислеле кога ја носеле одлуката како да стигнат до следните избори.
Ова наше општество наместо да се награди е пред голем предизвик поради уште еден бесмислен спор, кој ти вели дека си нешто што не си. Спор кој ти вели дека до 1945 година зборуваш еден јазик а од 1945 година наваму зборуваш друг јазик.
Јас не знам како да си објаснам себе си, а потоа и на моите деца, која е причината која ние чекаме пред затворена врата во 2021 година.
Нема да се откажеме и ќе продолжиме да ја градиме Европа дома бидејќи е есенцијално. Есенцијални се толеранција, еднаквост и недискриминација.