ЦИВИЛ организира јавен настан на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“ денеска (среда, 26 мај) во хотел Парк Резиденс (сала Њујорк), со почеток во 13 часот.
Учесници на настанот ќе бидат првиот вицепремиер, Артан Груби, и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски. Модератор на настанот ќе биде Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
Главното прашање на панел дискусијата се однесува на можностите, политиките и практиките на национално ниво во промовирањето на европските вредности, а во тие рамки и еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот во земјата.