• Latest

Груби и Алаѓозовски на настанот на ЦИВИЛ: Eвропските вредности се возможна мисија

May 26, 2021
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Груби и Алаѓозовски на настанот на ЦИВИЛ: Eвропските вредности се возможна мисија

May 26, 2021 16:00
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ организираше јавен настан на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“ на која учествувале првиот вицепремиер, Артан Груби и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски. Модератор на настанот беше Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Првиот вицепремиер, Артан Груби на почетокот од јавниот настанна тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“, меѓу другото говореше за тоа  дека земјата ги дели европските вредности за мир, демократско и функционално општество, како земја во која владее законот и пазарната економија.

-Да го кажам тоа што сите го очекуваат, како некоја неизбежна состојка на зготвен оброк, како нешто што е неизбежно, а тоа е дека нашата земја ги споделува европските вредности за мир, функционално демократско општество, владеење на правото, пазарна економија, и така натаму. Но, во својата суштина, европските вредности се многу повеќе од една дифолт состојка од една целина, тоа е начин на живот, секојдневие, убедување, но истовремено и пожртвуваност за еден идеал, а тоа е мирот.

Да се присетиме, нашиот континент во својата цела историја имал поголеми и подолги периоди на војна отколку во мир.

Токму затоа велиме дека Европската Унија е најголемиот мировен проект преку кој заедно учиме да ги почитуваме различностите. Различностите се богатство, се придобивка, се колорит, но истовремено се и извор на конфликт затоа што повеќето конфликти се етнички, верски, покрај територијалните. Тоа е така поради дискриминацијата, поради нееднаквоста.

Затоа силно верувам во еднаквоста. Еднаквоста е формулата за мултикултурно општество.

Едно општество може да биде цело и хармонично само при еднаквост што само по себе подразбира недискриминација туку еднаквост во права но и во обврски. Да се живее заедно значи да живееш еднаков бидејќи само еднаквите можат да живеат заедно.

Повторувам до досада за да се запамети, колку што е државата по лојална кон граѓаните, толку се граѓаните полојални кон државата”, нагласи Груби.

Го постигнавме и ратификувавме Преспанскиот Договор, го потпишавме и ратификувавме добрососедскиот договор со Бугарија, го заокруживме нормативниот дел на Охридскиот мировен договор, Линколнски успешно го променивме уставот, усвоивме над 60 реформски закони консензуално, одржавме референдум, локални, претседателски и парламентарни избори, и најважно, го сменивме начинот на размислување и делување, истакна  Груби.

-Општествениот баланс врз кој што беше основан европскиот сон бара целосна рамноправност. Еднаквоста е предвесник на интеграцијата и на мирот. При преговорите за формирање на коалиција инсистиравме на преформулирање на концептот едно општество за сите во еднакво општество за сите токму поради горенаведеното и тоа е истакнато во посебно поглавје во владината програма под новиот концепт.

Не може општеството да биде едно ако не сме еднакви. Но да се навратам на основата на европските вредности.

Сите наши влади беа евроатлантски и силно посветени за интеграција во Европската Унија и НАТО затоа што силно веруваа во таа посветеност. Во 2008 година, евроатлантската заедница ја отвори вратата за Албанија и Хрватска да станат членка на НАТО и нам ни ја плесна пред нос поставувајќи најапсурдни барања за промена на устав со цел промена на име. Тоа предизвика огромна разочараност и ги смени приоритетите. Од готовност да се реформира општеството за интеграција до теснопартиски краткотрајни интереси за победа на избори и останување на власт преку свртување кон себеси, контрола на академската заедница, цивилното општество, судството, медиумите, институциите па се до заробена држава.

Тешко беше одвраќањето од тој пат. Но успеавме, го направивме и најбесмислениот компромис за реализација на нашиот сон и сега сме членка на НАТО а сонцето повторно изгреа додека нашата земја си остана тоа што беше, таму кај што си беше, цела и посилна, а истото важи и за нејзините граѓани. Го постигнавме и ратификувавме Преспанскиот договор, го потпишавме и ратификувавме добрососедскиот договор со Бугарија, го заокруживме нормативниот дел на Охридскиот мировен договор, Линколнски успешно го променивме уставот, усвоивме над 60 реформски закони консензуално, одржавме референдум, локални, претседателски и парламентарни избори, и најважно, го сменивме начинот на размислување и делување. Целосно.

Го променивме општеството, апсолутно. Тоа го направивме хазардерски, без калкулации за следните избори, но со верба и убедување затоа што бевме храбри, верувавме. Се уште веруваме.

Европа е вториот најмал континент на планетата. Една едноставна слика со црно -бела графика што може да ја најдете на интернет покажува дека нашиот континент, во повеќе од 2 илјади години историја бил подолго во војна отколку во мир. Над 16 милиони жртви по првата светска војна. Над 50 милиони жртви по втората светска војна. Таа трагична црно бела графика каде што црните воени периоди преовладуваат над белите мировни времиња, и даде живот на најголемиот мировен проект во историјата на човештвото, Европската Унија.

Кога носеа одлука, тогашните лидери беа храбри, миротворци. Одлуката ја носеа имајќи ја одговорноста за постигнување на долготраен мир во црно-белиот континент. Не верувам дека размислувале како да ги добијат следните избори. Слично како во 2008 кога се соочивме со затворената врата, денес, спротивно на Европските вредности, ова наше општество, оваа наша волја и посветеност, наместо да се награди и да служи како пример, е пред голем предизвик поради еден уште по бесмислен спор. Спор кој што вели дека ти си бил нешто друго до 1945 година, а од тогаш па до денес си тоа што си. Спор дека ти си зборувал друг јазик до 1945 година, а од тогаш па до денес јазикот кој што го зборуваш сега.

Верувале или не, оваа измислена дилема и бесмислен спор е причината зошто целата таа наша пожртвуваност, целата таа оска на обединување како општество, е под знак прашалник. Јас не знам како да го објаснам тоа на себеси а камоли утре на моите деца. Што и која е причината поради која ние чекаме пред затворена врата во 2021 година? Ама навистина? Причината е што едниот смета дека ти си бил нешто друго а сега си нешто друго. Толку. Во 2021 година.

Нема да се откажеме, ќе продолжиме да ја градиме Европа дома. Затоа е есенцијално значајна еднаквоста, недискриминацијата, толеранцијата, за да не се вратиме во периодот на разочараност.

Ова е Европа на 19 век. Ние донесовме одлуки во многу бои, многу храбро. Европските лидери, ако продолжат да носат одлуки имајќи ги предвид нивните следни национални избори, тогаш се сместуваат себеси а и нам во замката на црно-белата слика, а не во духот на боите на мултикултурализам и мир нацртани во основата на Унијата. Впрочем, во тоа и е разликата помеѓу политичар и лидер. Дали предводниците на Унијата ќе бидат политичари кои што размислуваат за следните избори или лидери коишто размислуваат за следните генерации, зависи од нив, ние нашето го направивме. Нема да се откажеме, ќе продолжиме да ја градиме Европа дома.

Затоа е есенцијално значајна еднаквоста, недискриминацијата, толеранцијата, за да не се вратиме во периодот на разочараност од треснатата врата, туку да ја изградиме Европа тука, кај нас”, истакна вицепремиерот Груби.

Националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, истакна дека е реторички прашањето дали е возможно да има недискриминација, еднаквост и почитување на мултикултурализмот во нашето општество, бидејќи за нив нема друга алтернатива освен да ги ги поддржуваат и веруваат во европските вредности и имаат обврска да ги спроведат.

„Поддршката за евроинтегративните процеси на земјава немаат алтернатива. Ние како јавни личности, Влада, политичари, интелектуалци… ги подржуваме европските вредности, веруваме длабоко во нив, и имаме обврска да ги направиме наша реалност. Јас не би рекол дали е возможна или невозможна, тоа е транформативна акција и таа акција се случува во моментов, односно се случува најмалку од 2017-та наваму, и се случува преку многу акции, активности, политички ставови, и тоа би требало да се секојдневни активности на институциите кои имаше период кога беа заробени.

Со стратегијата решивме да ги надминеме негативните појави, а тоа е дискриминацијата, нееднаквоста, родовата нееднаквост, недоволната грижа за најранливата категорија на граѓани, и поделеноста во општеството. Таа поделеност одеше на повеќе линии, меѓутоа етничката поделеност е една од нив. Секако дека нееднаквоста и дискриминацијата е една од главните причини за поделеноста и затоа оваа Стратегија и платформата на Владата се базирани на надминување на тоа.

Стратегијата е така концепирана да не прави поделби на „или-или“ ситуации, ние не се определуваме дали треба еднакво или едно општество, ние сме за тоа дека мултикултурноста мора да живее и да биде функционална, еднаквоста мора да постои на сите нивоа и на индивидуален план и меѓу заедниците, и таа мора да оди преку низа на категории како што се етничката, религиската, родовата и низа други кои се појавуваат и прават проблеми во општеството.

Недржавничко и нелидерско ќе биде ако од предизвиците и проблемите се разочараме, напротив ние треба да продолжиме со нашите акции да ги направиме подобри, да ги скратиме роковите или да вложиме многу повеќе средства, ресурси и луѓе се со цел да ги надминеме предизвиците“, истакна Алаѓозовски.

Џабир Дерала од ЦИВИЛ истакна дека европските вредности и еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот како модерни цивилизациски вредности се промовираат, негуваат и штитат во современиот демократски свет каде што, во основата на правото, политиките и практиките се човековите права и слободи.

„Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот се во основата на европските вредности. Кога ќе кажеме европски вредности, не подразбираме вредности на Европската Унија, односно не само вредности на Европската Унија. Тоа се вредности на сите граѓанки и граѓани на Европа, на сите европски држави. Во поширок контекст, тоа се и модерни цивилизациски вредности кои се промовираат, негуваат и штитат во современиот демократски свет каде што, во основата на правото, политиките и практиките се човековите права и слободи.

Кога говориме за европски вредности, тоа не подразбира само политичка волја за нивно негување, унапредување и заштита, туку нивно разбирање и спремност да се заштитат и по цена на политичкиот рејтинг. Во негувањето на европските вредности, во прв ред, еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот, а со тоа и целиот корпус на човековите права и слободи, неодминлива е позицијата и улогата на граѓанското општество, на институциите на локално и национално ниво, на интелектуалците и уметниците, на сите граѓанки и граѓани во земјата. И не е доволно да се каже дека различностите се почитуваат и дека луѓето се еднакви според Уставот и законите.

Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот мора да се разберат до најситните детали и суптилитете, а потоа сето тоа и да се обезбеди. Секој ден, секоја минута, со сета комплексност на животот и односите меѓу поединците, групите, заедниците, граѓанките и граѓаните кон институциите итн. И притоа, внимателно да се следат трендовите и развојот на општествените односи, во теоријата и во праксата. Затоа, сево ова, не е едноставно, не е лесно и бара многу инвестиција во смисла на време, експертиза, човечки ресурси и буџет“, потенцира Дерала.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Игор Чадиноски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ