Груби пред присутните исто така рече дека улогата на меѓународната заедница во олеснувањето и спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор беше голема и многу потребна и дека без помошта на европските партнери и aмериканските пријатели, земјата тешко ќе чекореше напред.
Груби ги покани лидерите на соседните земји но и пошироко да го користат овој уникатен договор со цел надминување и решавање на отворените домашни или регионални проблеми.
„Кога мојата земја аплицираше за членство во Европската Унија во 2004 година, нашиот драг пријател Хавиер Солана претстави широко прифатена максима во нашиот дискурс и во нашиот однос со Европската Унија, наведувајќи дека „Патот до Брисел минува низ Охрид“. Навистина така и се случи.
Се сеќавам на насмеаното лице на Ерван, со неговото бело палто и шарениот шал, неколку дена по стапувањето на должност, носејќи шише Шампањ со цел да прославиме, и тоа на крајот на декември 2005 година кога нашата земја го доби статусот кандидат за членство во ЕУ, токму како резултат на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор“, изјави Груби.
„Еднаквоста е услов да се биде рамноправен во едно општество, особено во статусот, правата или можностите, како и во обврските и верноста како лојалност на една индивидуа кон цела нација, кауза, филозофија, земја, група или личност. Колку повеќе граѓаните се чувствуваат еднакви, толку општеството станува покохезивно и поправедно. Колку е повеќе државата верна на своите граѓани и кон сите заедници, толку повеќе граѓаните и заедниците се верни на државата.
Денес сум горд што ја претставувам својата земја, Северна Македонија, и што ја бранам нашата еднаквост и нашата заедничка цел, се обидувам да докажам дека припаѓаме на евро-американското општество кога станува збор за вредностите“, изјави Груби во своето обраќање.