• Latest

Груби очекува помош од САД за решавање на спорот со Грција

February 8, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груби очекува помош од САД за решавање на спорот со Грција

February 8, 2018 10:07
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Комисијата за европски прашања и пратеник во македонското Собрание Артан Груби во Белата куќа во Вашингтон се сретна со специјалниот советник на заменик претседателот на САД Мајк Пенс, Моли Монтгомери, со која разговарале за политичката ситуација во Македонија и предизвиците во однос на реформите и евроатлантската интеграција на земјата.

Груби, како што соопшти Комисијата за европски прашања, изразил благодарност за стратешкото партнерство и поддршка на САД за Република Македонија низ сите години и убеденост дека таа поддршка нема да изостане ниту, како што рекол, во овие пресудни времиња.

Монтгомери посочила дека дека САД ги поддржуваат евроатлантските стремежи на Македонија, дијалогот со соседите и реформската агенда што, како што рекла, треба да овозможи владеење на правото, демократско владеење и кредибилни институции.

Таа истакнала и дека има оптимизмот во Белата куќа во врска со позитивните вести кои што доаѓаат од Македонија и го истакнала моментот на огромна можност за реализација на заедничките цели.

Груби на средбата повторил дека владината коалиција ги решава своите домашни задачи за да им помогне на пријателите на Македонија да имаат што е можно посилни аргументи за нашиот случај.

– Реформите, исполнување на сите очекувања од Брисел, Охридскиот договор и добрососедството се на одличен пат да се реализираат целосно. Но, сепак, ни преостанува уште спорот со нашиот јужен сосед за кој што очекуваме директна помош од САД во правец на изнаоѓање на достоинствено решение, истакнал Груби.

Оваа година, рекол Груби, е пресудна, клучна и историска затоа што сме најблиску до конечно решение, а веќе следната година е изборна во Македонија и Грција, но и во Европската Унија при што ќе има нов Европски парламент и комисија.

Тој на средбата испратил покана до заменик претседателот на САД, Мајк Пенс да ја посети Македонија што е можно поскоро.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрубиимеМајк ПенсМакедонијапомошрешениеСАДспор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result