• Latest

Груби: Заеднички да застанеме на линијата против дезинформациите, лажните вести и намерната пропаганда

May 27, 2021

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Рускиот агресор цела ноќ и утрово ги напаѓа украинските региони: Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад [АЖУРИРАНО]

September 28, 2026
Илустрација генерирана со вештачка интелигенција.

Провизии, камати и изгубено време: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
Фарид Закарија во ГПС на Си-ен-ен разговараше со Бил Гејтс, 27 септември 2026 (скриншот)

Бил Гејтс за Си-ен-ен: Вештачката интелигенција налага контрола, светот не смее да се залажува

September 28, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Удбашката култура на владеење

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026
Александар Вучиќ (ФБ профил)

БАЛКАНСКИ ПОЛИТИЧКИ МАНЕВРИ: Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Христијан Мицкоски, ОН, 25 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА: Христијан Мицкоски во ОН

September 28, 2026
Андриј Сибига (Фото: УКРИНФОРМ)

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Груби: Заеднички да застанеме на линијата против дезинформациите, лажните вести и намерната пропаганда

May 27, 2021 13:40
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Ова наше совремие, во кое често се говори за тоа дека е во една хибридна војна или хибридни закани против демократијата, се разбира  дека една од основните алатки, една од основните оружја всушност, се токму дезинформациите и говорот на омраза, особено во доменот на етничките и верските припадности, и во таа смисла гледаме дека поларизацијата, стравот, несигурноста, поделбата, шовинизмот, преовладуваат како дел од арсеналот со кој располагаат центрите на моќта кои сакаат да ја дестабилизираат секоја демократија, па така и македонската. Што можат да направат институциите, и што прават, да можат да им застанат на патот на ваквите закани во општеството? Се разбира, дали и колку можат да направат институциите и граѓанското општество, и ценетите медиуми, во оваа битка. Дали може да се осврнеме на тој дел? – беше едно прашањата што ги постави  модераторот Џабир Дерала, на настанот на ЦИВИЛ „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“.

Груби: Секако, тоа е моја омилена тема, всушност на тоа и докторирав, посебно на јавното мислење, затоа што по струка сум и новинар, и целото мое образование е поврзано со новинарството. Сметам дека не може изолирано, само медиумите, само организации од цивилно општество, само државна институција, или која било сама личност да извојува победа во новите предизвици. Со појавувањето на печатарот, се предизвикува начинот на пласирање вести во тоа време. Истото се случило и со радиото, и со весниците, и со телевизијата.

Истото се случува сега со интернетот, којшто го предизвикува сегашниот естаблишмент којшто не може да се снајде и да се прилагоди кон новите околности коишто ни ги донесе интернетот, и поседувањето на индивидуални медиуми, сите ние, преку Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Тик-ток, која било платформа, Јутуб… Си имате свој медиум каде што можете да пласирате, и да креирате публика. Можете да креирате вистински вести, можете лажни вести, може да водите пропаганда, може да ширите дезинформации со поттикнување на какви било немири. Ги следевме дезинформациите за резултатите на претседателските избори во САД 2016 година, со Брекзит во Британија следната година, па потоа имаше влијание на изборите во Германија, на изборите во Франција, имаше обид на изборите во Црна Гора, па и на изборите кај нас, и на крај, ако се сеќавате, мавме еден таков напад, хакерски, врз Државната изборна комисија, на денот на објавувањето на резултатите.

И замислете што би се случило доколку со еден таков упад  се прикаже друга слика за изборните резултати, различна од таа реалната, во кутиите на гласачите, и која би била реакцијата на поддржувачите на партијата што лажно би се прикажало дека е победник на тие избори… Кога би ги прифатила резултатите од тие избори дека, се легитимни? Никогаш. Затоа што ќе смета дека демократијата е изиграна. Ова е директен напад врз демократијата каква што ја познаваме, и треба да ја најдеме формата за прилагодување на новиот предизвик на нашето време, како што било од печатарството па телевизијата, весниците и радиото. И затоа велам дека индивидуално, односно еден единствен елемент не може да даде успешен придонес во целиот мозаик на општествениот предизвик. И ќе треба заеднички да идентификуваме дезинформација и лажна вест, и јавно да ги предизвикаме и да не ги прифатиме. Во институциите, во Владата работиме на тоа, сметам дека посебно и државните медиуми, посебно националната телевизија, но посебно МИА, како агенција треба да биде многу поактивна во лиферување на вестите, коишто се посебно во војна против лажните вести, и да имаат посебен оддел, посебен сектор каде што ќе работи на ова.

Мислам дека имаме два проекти од невладините коишто работат на проверка на факти, но не го постигнува ефектот, затоа што луѓето го читаат насловот, не ја читаат содржината, и преку насловот си креира сопствено мислење и убедување за прашањето, и следствено, на тој начин реагира. Додека да стигне вистинската вест, тогаш е многу доцна. Тоа е како демант на една вест. Затоа, мислам дека треба и јас да се заложам за ова во Владата, дека државните медиумски агенции би требало да бидат многу поактивни во овој дел, а секако и мејнстрим медиумите коишто се тука пред нас, да застанат на линијата против дезинформациите, лажните вести и намерната пропаганда, изјави првиот Вицепремиер, Артан Груби.

Д. Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Игор Чадиноски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ