• Latest

Груевски, врати се, ако смееш!

November 19, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Груевски, врати се, ако смееш!

November 19, 2018 10:00
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога истражните и безбедносните служби на ЕУ би навлегле подлабоко во бизнис релациите на функционерите во државите членки и аспиранти за членство во најкомплексната унија во историјата на човештвото, веројатно би откриле толку густ и отровен талог што и самите би се исплашиле. Погледнете ја само листата на афери и скандали што се откриени во изминатите дваесетина години во кои се имплицирани највисоките функционери во земјава, но и на оние во нашата околина.

Џабир Дерала

Неразјаснети атентати, убиства и несреќи, грабежи на банки и поштенски пратки, исчезнати милиони, дрога, доказни материјали, исчезнати документи и луѓе, лустрации кои тоа не беа и што ти не… Во голем број од тие афери се вмешани и регионални и меѓународни елити на директен или индиректен начин.

Соработка со криминалниот режим

Во времето на медиумски мрак и железна рака на партијата на власт што целосно ја зароби државата, се правеле зделки со вртоглави суми, се прелевале пари од едно до друго место, па се враќале во земјата како „странски“ инвестиции. Прашањето на кое веројатно никогаш нема да добиеме целосен одговор е колку политичките елити во регионов соработувале со криминалниот режим на Груевски.

Бегството на Груевски покажува колку тие елити дозволуваат границите на нивните земји да бидат порозни и да обезбедат непречена проодност за еден осуденик од ваков калибар. Албанскиот претседател Илир Мета, еквилибрира меѓу оценките „политички прогон“ и „признавање вина“, на начин што и куририте можат да си ја толкуваат како поддршка на нивните стопани и пошироката јавност како поддршка на осудата за кукавичкото бегство.

Во лавиринтите на парите и моќта

Ни малку не е наивно прашањето на премиерот Заев за тоа дали Груевски можеби влегол во дипломатско (екстериторијално) возило против своја волја и поминал низ четири земји од кои три се членки на НАТО, за да стаса кај својот ортак, премиер на земја членка на ЕУ. Груевски знае премногу, за сите овие да дозволат тој да оди на повеќе годишен престој в затвор.

Ни оддалеку нема да биде чудо ако Груевски заврши и во некоја сосема друга држава (Русија, на пример) или некоја друга во која парите, влијанијата и моќта се скриени во лавиринти тешки за одгатнување. И да поминат години пред тој да биде изведен пред лицето на правдата. Или, уште подобро за сите нас, тие да го испорачаат како пакет на нашата граница, откако претходно ќе се осигурат дека тој нема да пропее или, ако пропее, никој да не му верува.

Ликвидација на Груевски?

Или, најлошата од сите варијанти, да го ликвидираат токму оние структури со кои до вчера соработувал! Да се разбереме, нема сомнеж дека Груевски не е само другарче со државниците низ регионот, туку соработувал, перел пари и правел дилови и со подземјето во Македонија и низ светот. А тие функционираат според сосема поинакви правила од оние на кои, помалку или повеќе, се придржуваат политичките елити во земјите низ кои поминал за да избега од Македонија. Да, тоа би било најлошо, без оглед на тоа колкумина токму тоа му го посакуваат, бидејќи потребата за правда не подразбира потреба за одмазда. Ликвидацијата не е правда, туку отворање простор за неброени неправди и насилство. Подобро политичка отколку физичка ликвидација, нели?

Затоа, најмудро за Груевски е да се врати дома, каде што го чека „Хашка соба“ во Шутка, лекарска грижа и редовни посети од семејството и верниците што ги создаде низ годините на своето лошо владеење и уште полошо поведение. Ако смее.

 


Авторот го нацрта: Игор Стевковски

илустрација во прилог на текстот: Willy Coppenolle – „The Fugitive“

ЗАБРАНЕТО И ЗА ДЕЛУМНО ПРЕЗЕМАЊЕ ПРЕД 13 ЧАСОТ

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share79TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ