Група граѓани побараа од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, да испита која е улогата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во упадот во Собранието на 27 април, пренесува А1он.
Во барањето се наведува дека тие сметаат дека сите виновни не се опфатени во судењето и дека треба да се земе предвид неодамнешната изјава на пратеникот Крсто Мукоски, кој од собраниската говорница во неделата рече дека токму пратеникот Антонијо Милошоски ја насочувал толпата низ Собранието.
Граѓаните бараат кривичен прогон против Антонијо Милошоски и Никола Груевски за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.