На комитската вечер на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во населбата Припор, во Кисела Вода, на 20 јули, сè уште актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ бил исвиркан. „Губи се!“ „Што бараш ти тука?!“ – биле извиците, според нашите извори. Членовите на партијата, кои негодувале против присуството на Груевски на настанот, споед истите извори, ги поддржуваат Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ.
Според анализите на ЦИВИЛ, групата Реформатори во ВМРО-ДПМНЕ има растечко влијание и поддршка во партијата.