• Latest

Груевски е в затвор

December 8, 2016
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски е в затвор

December 8, 2016 18:21
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со сета моќ што ја има во своите раце, Груевски не може да се осмели на отворен дуел со своите противници. Тој стана затвореник на својата сопствена моќ. Според неговото однесување, тој веќе е в затвор. Ја уништи дебатата во општеството, ги оневозможи луѓето да го следат, а уште помалку да учествуваат во политичкиот живот во земјата. Единствената можност која тој им ја даде на граѓанките и граѓаните на оваа осиромашена и опустена земја е да се поделат по острите линии на политичките и етничките припадности и да се мразат. Без, притоа, да им даде можност да ги согледаат понудите кои се на политичката сцена.

Пишува: Џабир Дерала
Пишува: Џабир Дерала

Тој, во манир на племенско-верски поглавар, бара доверба од народот, бара тој народ да удира клоци, да стигматизира и линчува.
Неговите пораки од митингот во Делчево се недоволно прикриена закана со убиство. И никогаш директно. Народот ќе удира клоци, а Ќосето ќе го убие опозиционерот Заев. И секогаш, демократијата беше заменета со „доверба на народот во владата“, исто како што Јозеф Паул Гебелс го карактеризираше тоа во времето на подемот на нацистите кои прво ја окупираа сопствената земја Германија, а потоа, поведоа војна против своите политички непријатели, етничките и другите малцинства, па со соседните земји и ја поведоа Втората Светска војна.

На 19-ти септември им напишав СМС на Заев и Груевски, барајќи да се соочат на дебата пред македонската јавност. Утредента им испратив и писмена покана. Тоа ќе беше прво јавно соочување на двајца политички лидери од овој калибар, по десет долги години умртвена дебата во земјава. Тоа ќе беше првпат јавноста да проследи директни пораки меѓу двајца лидери толку остро спротивставени. Дебата на деценијата.

Ќе можеше Груевски да биде учесник во дебата на деценијата…
Ништо од тоа. Иако се трудев да бидам коректен и не кажав кој од нив прифати да учествува во таква дебата во рок од четири минути по испраќањето на првата СМС порака, а кој немаше храброст да одговори дури ни со – не, дури ни по јавните повици од прес-конференциите, од текстовите на веб-страниците на ЦИВИЛ, по повторно испратеното писмо со љубезна покана. Сега, во духот на транспарентноста, должен сум да кажам, за да не останат недоречени работи.
Заев беше тој што одговори четири минути по првата СМС порака. „Кога сака, под кои услови сака, каде сака!“, рече тој во краткиот телефонски разговор.

Груевски не одговори до моментот на завршување на овој текст, на 8 декември, во 11 часот наутро. Има време до почетокот на изборниот молк, да одговори. Барем со – не.
Но, зошто Груевски нема смелост да одговори дури ни со – не, а од говорниците се заканува со клоци и убиства кои, сепак, ќе ги извршат други, наместо него?

Груевски и неговите верни роднини, кумови, пријатели и слуги, ја киднапираа партијата на чие чело се наоѓаат.
ВМРО стана колективна зандана на многу добри луѓе. Луѓе со силен интелект, перфектна формација од знаења и креативност, станаа затвореници на Груевски. Во момент на слабост или наивност, тие се заплеткале во криминалните или неморалните мрежи поставени насекаде низ институциите и општеството, и сега, не можат да се извлечат. Од срам, страв или долгови.
И, како и секоја голема и мрачна зандана, така и оваа бара многу храна. Таа храна е човечкото достоинство и месото од телата на сиромашните.

Десет години авторитарно владеење, проткаено со многу насилство и грабеж на народните пари и заедничкото богатство на земјата, се повеќе од доволно време да се наметне сосема поинаква политичка култура и да се уништат сите вредности на едно нормално општество, да се згази моралот на граѓаните и граѓанките и да се инфицира секоја институција.
И сето тоа, проследено со уништување на слободната мисла, дијалогот и дебатата во земјата. Сето тоа, проследено со насилништвото на Груевски од говорниците и отсуство на смелост да се соочи со својот лут политички противник.
Децата што биле трето одделение кога Груевски ја освои власта, сега се гласачи. Без оглед на тоа за кого ќе гласаат во декември, ние денес имаме цела генерација млади кои не знаат за ништо друго освен за омраза кон неистомислениците, лаги и сведнати глави, корупција на системот, свеста и моралот, мизерно коленичење пред некој што се однесува како господар на нивните животи.
Затоа, Груевски веќе е в затвор. Самиот си го изгради и му стави фасади за кои верува дека се барокни.

Tags: ГебелсзатворЗоран Заевинфицирани институциикиднапирана партијаколективна зандананереализирана дебата на деценијатаНикола Груевскиосиромашена и опустена земјаЌосето
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    187 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ