• Latest

Груевски во СЈО, прва правосилна пресуда за „Таргет – Тврдина“

November 23, 2017

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски во СЈО, прва правосилна пресуда за „Таргет – Тврдина“

November 23, 2017 08:37
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера неколку часа беше во просториите на Специјалното јавно обвинителство во својство на сведок во нова предистражна постапка. По распитот Груевски изјави дека ова што го работи СЈО е незаконски, бидејќи нивниот мандат, како што рече, е одамна истечен, а предистражните постапки што се водат се малтретирање на граѓаните во услови кога тие не може да поднесуваат никакви обвиненија.

Претходно, специјалната обвинителка Катица Јанева изјави дека станува збор за новоотворен предмет за финансиска истрага за земена провизија за електрична енергија, по извршеното вештачење на два телефонски разговори, што во континуитет се водат од едно лице.

Предистражната постапка во која Груевски е повикан како сведок, според Јанева, имала сличности со финансиските истраги што веќе се водат пред СЈО.

Прва правосилна пресуда за предмет што го води СЈО беше изречена вчера, условна казна од шест месеци доби еден од обвинетите во предметот „Таргет – Тврдина“, кој во постапката самоиницијативно ја признал својата вина.

СЈО соопшти дека во овој предмет е раздвоена кривичната постапка за осуденото лице, чиј идентитет не се соопштува, а за кое, врз основа на признание на вина, е донесена пресуда на 17 ноември.

На обвинетото лице, на кое му се судело за учество во „Таргет“ за помагање на сторител во извршено кривично дело, односно бришење логови во Управата за безбедност и контраразузнавање, изречена му е условна казна од шест месеци затвор под услов да не го повори делото во следните две години.

„Предлогот за раздвојување беше истакнат од страна на ова Јавно обвинителство, при што се имаше предвид интересот на обвинетото лице за побрзо завршување на постапката, како и економичноста и целисходноста на постапката“ – велат од СЈО.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очекува најстроги казни за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски кои се обвинети во предметот „Таргет – Тврдина“.

Јанева вчера рече дека пресудата е донесена врз основа на признание и оти очекува највисоки казни за Мијалков и Грујевски.

Во споениот предмет „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот  директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Никола Груевскипредистражна постапкапресудараспитСведокСЈОТаргетТврдина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ