Украинските бранители на Сиверодонецк ќе се повлечат од градот за да заземат нови, поутврдени позиции, вели Серхи Хаидаи, началник на регионалната воена управа на Луганск, кој објави оперативно ажурирање на Фејсбук, пренесува Укринформ.
„Вооружените сили ќе мора да се оддалечат од Северодонецк. Нашите бранители веќе добија таква наредба. Рашистите речиси го уништија Северодонецк, целата критична инфраструктура беше збришана, 90% од градот беше оштетен, 80% од станбените згради ќе треба да се урнат бидејќи не можат да се обноват. Руските трупи напредуваат во правец на Лисичанск од Тошкивка-Золоте. Непријателските разузнавачки и субверзивни групи веќе влегоа во предградијата, додека нападите за да навлезат подалеку во градот се одбиени, соопшти Хајдаи.
Од привремено заземениот Старобилск кон Лисичанск, забележано е движење на шест руски ракетни системи Точка-У.
Подготви: Д.Мишев