поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Штом било можно за кратко време во текот на изминатите четири години, како резултат на реализација на ветувањата на ДУИ со нивните „пациенти“, да се створат работни места за сите, да се развие економијата, порастот на платите и да се донесе политичка стабилност во земјата заради зачленувањето на земјата во НАТО и ЕУ перспективите, зошто тогаш во текот на изминатите 15 години воопшто не се работело?
Лесно е да се покачат платите со пари од буџетот, да се намали невработеноста со проширување на јавната администрација и со напуштање на земјата на голем број млади.
Ниту грубата партиска пропаганда на полтронските демагози коишто, секој ден, како да немаат друга работа, се обидуваат да ја сокријат катастрофалната состојба во која ја донесоа земјата, занимавајќи се само со криминал и корупција, и сладок живот, со навреди кон граѓаните и меѓусебно именување како „мајмуни“, „безобразни“, „хулигани“ итн.
Затоа, никако не смее да се заборавии извештајот на Рајнхард Прибе во кој ја опишува состојбата со длабоката криза во којашто се најде земјата, од којашто се уште не сме излезени дури и со странска помош.
*
За жал, дури и да е точна оваа бројка, 25.000 во јавниот сектор фигурираат само на платните списоци. Најголем дел од нив или само се јавуваат и немаат што да работат, или воопшто не се јавуваат. Нивна единствена должност е на денот на изборите да обезбедат што повеќе гласачи за партијата, роднини и пријатели, за да не се испаничи „лидерот“ дека ќе ги изгуби изборите и власта, во кој случај, заедно со некои соработници, ќе треба да одговараат пред законот.
Сите права се задржани